Saab 95 караван е временска капсула од 60-тите

Saab 95 е караван од 1967 година за кој не слушнале многу луѓе, но тоа не го менува фактот дека неговата вредност се проценува до 60.000 долари.

Автомобилот го започнал својот живот во Калифорнија, поминал неколку години уживајќи во сонцето, а потоа бил ставен на суво складиште каде поминал повеќе од 20 години. Broad Arrow Auctions наведува дека следниот сопственик го транспортирал до источниот брег на САД, а потоа следела детална реставрација.

Моторот и менувачот се освежени според фабричките спецификации, а каросеријата остана без оригиналната боја и е обоена со бордо нијанса од палетата на Mercedes. Внатрешноста е обложена со материјал на Mercedes MB-Tex, кој многу наликува на кожа и тешко се разликува, но е подостапен.

Според современите стандарди за караван, Saab 95 е прилично компактен, но сепак остава впечаток благодарение на интригантниот дизајн и деталите. Напред има хромирана решетка на ладилникот, тркалезни светла и дополнителни светла поставени на хромиран преден браник. Внимание привлекуваат и бандажите, како и кружните задни светла сместени во триаголниот дел од каросеријата.

Автомобилот е опремен со опционален трет ред седишта, што значи дека може да прими до 7 патници. Се придвижува од Ford V4 мотор кој развива 65 КС. Иако тоа не звучи многу, тоа е значителено повеќе во однос на 3-цилиндричниот двотактен мотор со 38 КС со кој се продаваше и моделот. Моторот V4 е поврзан со 4-степен мануелен менувач.

Аукцијата е во тек, а се очекува Saab 95 да биде продаден до 60.000 долари.

Тагови
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе