САД ѝ понудиле на Русија 20% од територијата на Украина во замена за мир, тврдат германски медиуми

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс наводно му понудил на Киев „мир во замена за земја“, а на Москва – „земја во замена за мир“.

Во јануари, шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс им предложи на Москва и Киев да склучат мир, според кој 20 отсто од окупираната територија на Украина би заминале кај Русија, пишува Neue Zürcher Zeitung (NZZ), цитирајќи двајца германски политичари.

Сепак, двете страни ја одбиле таквата понуда. Во Киев ги отфрлиле сите предлози за поделба на нивната територија, а во Москва биле сигурни дека „во секој случај долгорочно ќе ја добијат војната“.

Кога станало јасно дека таквиот мировен план не им одговара на страните, американскиот претседател Џо Бајден реши да попушти пред германскиот канцелар Олаф Шолц и одобри испорака на американските тенкови Abrams во Киев. Ова ѝ овозможи на Германија да дозволи испорака на тенкови Leopard 2 во Киев.

„Оваа верзија на настаните е целосно лажна“, изјави анонимен функционер на ЦИА за Newsweek.

Заменик портпаролот на Советот за национална безбедност, Шон Дејвит, рече дека информациите на NZZ „не се вистинити“. Официјално, ниту Москва, ниту Киев не ја коментираа оваа информација.

Украина не преговара со Русија од мај 2022 година. По анексијата на регионите Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск, што рускиот претседател Владимир Путин го објави на 30 септември 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша одлука за забрана на преговорите со Путин.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе