Свет

САД распишаа награда од 15 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

27. март 2020 - 9:02 | МИА

Американскиот Стејт департмент денеска распиша награда од 15 милиони американски долари за информација што би довела до апсење или обвинување на разни државјани на Венецуела, меѓу кои е и претседателот Николас Мадуро.

За повеќе западни земји Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела. Вашингтон бара негова смена.

-Департментот нуди награда во висина до 15 милиони долари за информација поврзана со Николас Мадуро, се вели во соопштението.

Одлуката за распишување награда дојде откако Министерството за правда на САД денеска подигна обвиненија за трговија со наркотици против Мадуро и други лица од Венецуеала.

Јавниот обвинител на Венецуела покрена истрага против Гуаидо за обид за организирање преврат

Јавниот обвинител на Венецуела потврди дека неговата канцеларија покренала истрага за лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за наводно планирање преврат.

Тарек Сааб во низа твитови потврди дека Гуаидо, кој се обидува да го собори претседателот Николас Мадуро од минатата година, е под истрага заедно со генералот во оставка Кливер Алкала и другите заговорници.

„Според самиот Кливер Алкала, овој обид за пуч бил планиран во Колумбија со помош на американски советници и со украдени пари од државата Венецуела“ наведува Сааб на Twitter. Поранешниот генерал сега живее во Колумбија.

Во јануари 2019 година Гуаидо се прогласи за претседател и доби со меѓународна поддршка, но неговите напори за соборување на Мадуро не успеаја бидејќи клучни фигури во влијателната армија останаа лојални на претседателот.

Коментирај