Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

По минатогодишниот огромен успех и рекорден број на посетители, Саемот на мебел повторно ги отвора вратите за сите љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите! Со повеќе од 15.000 посетители во 2024 година, ова реномирано саемско случување и оваа година ќе биде центарот на инспирацијата за модерно, функционално и стилско уредување на домот и работните простори.

Под слоганот „Инспирација за секој дом“, Саемот на мебел 2025 ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот „Борис Трајковски“, нудејќи уникатно доживување за сите посетители – од љубители на дизајнот до професионалци во индустријата.

Четири зони - четири светови на инспирација!

Годинашното издание на саемот ќе биде поделено во четири специјални зони, со цел посетителите полесно да ги откријат најновите трендови и да најдат сè што им е потребно за уредување на нивниот дом или работен простор:

•    Зона 1 - Двор и градина: Решенија за уредување на надворешни простори, градинарски мебел, декоративни елементи и сè што е потребно за создавање на идеално катче на отворено.
•    Зона 2 - Аксесоари за дом и осветлување: Најновите трендови во декорацијата, иновативни решенија за осветлување, паметни технологии за домот и ексклузивни декоративни елементи.
•    Зона 3 - Мебел и внатрешен дизајн: Врвен мебел за сите простории, од дневни и спални соби до кујни и канцелариски простори. Оваа зона ќе понуди голем избор на дизајнерски решенија од домашни и меѓународни брендови.
•    Зона 4 - Crafts, рачни изработки и пратечка индустрија: Уникатни рачни изработки од талентирани креативци, како и понуда на врати, прозорци и материјали за уредување и реновирање.

Што нè очекува на Саемот на мебел 2025?

Изложбен простор со врвни брендови - Најголемите компании од Македонија и регионот ќе ги претстават своите најнови колекции на мебел и ентериерни решенија, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во ексклузивни премиери на производи, како и да ги искористат саемските попусти и специјалните понуди.

Фокус на креативноста и одржливоста - Оваа година, Саемот ќе стави акцент на иновативни и еколошки материјали, одржлив дизајн и паметни решенија кои го подобруваат квалитетот на животот. Посетителите ќе можат да дознаат како најновите технологии го трансформираат начинот на кој ги уредуваме и користиме нашите домови.

Простор за интеракција и нови идеи - Саемот ќе биде место каде што професионалците од индустријата ќе можат да воспостават нови деловни партнерства, а посетителите да добијат персонализирани совети од дизајнери и експерти за подобро уредување на нивните домови.

Комерцијална банка - партнер на Саемот на мебел 2025

Партнер и на годинашниот Саем на мебел е Комерцијална банка, која со атрактивни финансиски производи ќе им овозможи на посетителите полесно да ги реализираат своите идеи за уредување на домот. На специјалниот штанд на Банката, посетителите ќе можат да добијат детални информации за богатата понуда на потрошувачки кредити и други финансиски решенија за опремување на домот според сечии желби и планови.

Под слоганот „Инспирација за секој дом“, Саемот на мебел 2025 има за цел да ги помести границите на креативноста во домот и да понуди најдобри решенија за секој простор.

За повеќе информации за Саемот на мебел, посетете ги следните линкови:

•    www.skopskisaem.mk
•    https://www.instagram.com/skopski.saem/
•    https://www.facebook.com/skopje.fair

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Македонија

Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Read more

Со 16 минути молк почна собирот во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани

Read more

Тошковски: Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани

Read more

Тошковски: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

Read more
 

Вести

Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Читај повеќе

Со 16 минути молк почна собирот во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Тошковски: Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани

Читај повеќе

Познат договорот на Путин и Трамп, Белата куќа ги откри деталите од разговорот

Читај повеќе

Тошковски: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

Читај повеќе

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Читај повеќе

Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи во четврток

Читај повеќе

Клековски: Денес стигнува тим од Британија, ќе подготвува рехабилитација за пациентите кога ќе почнат да се враќаат од странство

Читај повеќе

Повик за мирен јавен собир во 18 часот во Скопје во чест на жртвите во Кочани

Читај повеќе