28 ЈАНУАРИ, ДЕН НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Сајбер безбедност: Како да ги заштитите вашите податоци онлајн?

Приватноста на податоците е една од главните теми за дискусија во дигитално поврзаниот свет.

Ова прашање стана особено актуелно за време на пандемијата на коронавирус кога сѐ повеќе луѓе беа принудени да поминуваат време на интернет.

Приватноста е начин да се обезбеди безбедност на интернет за сите поединци, а Денот на приватноста на податоците, кој се одбележува на 28 јануари, се обидува да ја подигне свеста за тоа.

Со зголемената популарност на мобилните апликации за пораки како што се WhatsApp, Telegram, Messenger и други, луѓето се повеќе се загрижени за заштита на нивните податоци.

За да ги смират стравовите на корисниците, компаниите воведоа голем број безбедносни карактеристики, како што е end-to-end енкрипција, за да се осигураат дека размената на информации не е видлива за никого освен за луѓето вклучени во одреден разговор.

Од друга страна, владите ширум светот вршат притисок врз интернет компаниите да им дадат пристап до овие разговори. Тие сакаат технолошките компании да осмислат начини за спроведување на законот за да можат властите да пристапат до енкриптирани платформи.

Интернет компаниите, сепак, веќе имаат голем број начини да обезбедат заштита на податоците, да проверат и да спречат ширење на дезинформации и други безбедносни мерки.

Еве ги најчестите начини на кои можете да ги заштитите вашите мобилни податоци:

Верификација во два чекора

Ова им помага на корисниците да додадат уште еден слој на заштита на нивните профили на платформите за праќање пораки со end-to-end енкрипција. Процесот бара поставување на PIN за време на проверката на профилот, во случај SIM картичката да биде украдена или телефонот на друг начин да биде компромитиран.

Идентификација со допир (Touch ID) или идентификација на лице (Face ID)

Многу производители (Apple, Samsung, Google и други) ја имаат имплементирано опцијата за отклучување во нивните уреди користејќи сензори за отпечатоци или преку карактеристики на лицето.

Ограничување за препраќање

Некои апликации за пораки, како што е WhatsApp, имаат ограничување за препраќање пораки, што ја намалува можноста за споделување информации и ви овозможува да проверувате и спречите дезинформации.

Дополнително ограничување на вирални пораки

Одредени апликации имаат дополнителни ограничувања за испраќање пораки кои веќе биле испратени повеќе пати.

Пораки што сами се бришат

Платформите како што се Telegram, WhatsApp и други имаат опција пораките, фотографиите и видео фајловите сами да се бришат или уништат откако ќе бидат отворени и прегледани. Временскиот период за бришење по прегледувањето варира и може да се прилагоди во зависност од апликацијата.

Администраторски контроли

Им овозможуваат на корисниците да контролираат некои сервиси за праќање пораки со end-to-end енкрипција.

Кога станува збор за корисниците на персонални компјутери, ситуацијата е јасна. Експертите за сајбер безбедност препорачуваат често менување лозинки, користење комплицирани лозинки и користење антивирусен софтвер. И секако, не кликајте на сомнителни линкови.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Интернет

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more

Instagram заработува повеќе пари од рекламирање отколку YouTube

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе