Сакате брзо возење? Ова се земјите со најмали ограничувања на брзината на автопат

Автопатиштата се проектирани за големи брзини, но во многу земји има ограничување на максималната брзина од безбедносни причини.

Најстрогите држави со модерни мрежи на автопатишта се наоѓаат во Европа и Азија. Сингапур и Макао имаат најзаглавени автопатишта што главно поминуваат низ густо населени подрачја, па разбирливо е што бризната е ограничена на максимални 90 км/ч.

Во Латвија и Естонија се (премногу) претпазливи во текот на зимата кога максималната брзина од 110 км/ч ја спуштаат на 90.

Сепак, има и земји каде може слободно да стиснете на педалата за гас и да уживате во добро, брзо возење. Секако, големата брзина носи голема одговорност, затоа возете внимателно.

Германија

Легендарниот аутобан во Германија постои од 1932 година кога била направена прата делница меѓу Келн и Бон. Денес, 87 години подоцна, Германија има автопатишта во должина од 12.996 километри на кои е дозволено да возите онолку брзо колку што сакате. Сепак, на сѐ повеќе делници се поставуваат знаци со ограничувања, затоа добро отворете ги очите.

Обединети Арапски Емирати и Саудиска Арабија

Најдобри по Германија за љубителите на огромни брзини се ОАЕ. Во оваа земја само на еден автопат смее да се вози со 160 км/ч – тоа е новиот автопат Абу Даби што беше пуштен во употреба годинава.

Но, ако ја прекршите максималната брзина за само 1 километар, ќе добиете строга казна, а ќе бидете фатени бидејќи има камери насекаде.

Освет во ОАЕ, пустинска оаза за јурење по автопатишта е Саудиска Арабија. Официјалното максимално ограничување е 140 км/ч, но полицијата е толерантна до 20 километри над дозволеното. Полициските контроли не се толку чести како во ОАЕ, а нема ни толку сообраќајни камери.

Полска и Бугарија

Максималната дозволена брзина на новоизградените автопатишта во Полска изнесува 140 км/ч. На старите патишта има ограничување до 100 км/ч.

Сообраќајната полиција во Полска е многу толерантна, па во зоната за 140 км/ч може да возите 150 и ќе поминете неказнето.

Слична е ситуацијата во Бугарија каде има исто максимално ограничување од 140 км/ч.

Соединети Американски Држави

Меѓу земјите каде најмногу би уживале вљубениците во огромни брзини се САД, поточно сојузната држава Тексас. Таму ограничувањето на брзината на автопат е 137 км/ч, што е повеќе отколку во остатокот од Европа.

Според Член 36 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во нашата земја, на јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:

- 130 км/ч на автопат;

- 110 км/ч на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и

- 90 км/ч на други патишта.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе