Сахара и Антарктик се послични отколку што мислиме

Делува неверојатно, но Сахара и Антарктик навистина имаат многу заеднички особини.

Лево: Сахара; десно: Антарктик

Пустинските предели се распространети ширум нашата планета и, за разлика од генералното мислење, не се условени со толку топла клима. Сите пустини на светот за заедничка особина го имаат малото количество на дожд кое паѓа на годишно ниво. Кога одредена област годишно добива помалку од 250 милилитри дожд, таа можеме да ја сметаме за пустина, пишува World Atlas.

Кога ќе помислиме на пустина, начесто замислуваме жежок песок и речиси целосно отсуство на жив свет, бидејќи само мал број на животински видови можат да преживеат во такви сурови услови. Сепак, факт е дека скоро една милијарда луѓе живеат во области кои се квалификуваат како пустини.

Зајдисонце на Сахара

Антарктик е исто така пустина, иако целиот е замрзнат и температурите се многу поразлични отколку во Сахара. На Антарктикот не врне дожд, што е одлучувачки фактор кој речиси целиот континент го квалификува како пустина.

Ниска влажност на воздухот

Покрај малите количини на дожд на годишно ниво, сите пустини се одликуваат и со навистина ниска влажност на воздухот. Во пустините нема доволно вода на почвата која би испарувала и би создавала облаци, која потоа би ја вратила водата преку дожд. Во тропските пустини температурата на воздухот малку над површината е толку висока што создава рефлексирачка светлина на слојот врел воздух. Овој пустински феномен се нарекува фатаморгана.

Големи температурни разлики

Разликата помеѓу дневните и ноќните температури се екстремни во повеќето пустини. Во пустината Чивава, на пример, највисоката дневна температура достигнува 37°C, но навечер се спушта на 0°C.

Причината за брзото и нагло опаѓање на температурата лежи во непостоењето на облаци над пустините кој би спречиле ладење на тлото по заоѓањето на сонцето. Влажноста на воздухот за време на ноќта воглавно останува иста, што значи дека не постои ништо што би спречило топлиот воздух да побегне во атмосферата.

Единственото место во пустините на кое често може да се најде вода се нарекува басен. Тоа е длабока и голема дупка на површината од тлото во која може да се задржи дождовницата, а понекогаш може да се создаде и привремено езеро доколку дојде до невреме или поплава.

Силни ветрови

Поради недостатокот од дрвја, а често и било каква вегетација, ветровите силно дуваат во пустините бидејќи нема што да ги сопре. Ветровите кои достигнуваат брзина од 100 км/ч создаваат дини нанесувајќи песок. Површината на песочните пустини константно се менува, а ветровите ги поместуваат дините дури и по неколку метри на годишно ниво.

Песочните бури во Сахара ги подигнуваат честичките песок многу високо во атмосферата. Песок од Сахара, носен од ветровите, патува преку Атлантскиот Океан и заслужен е за идиличното портокалово-жолтеникаво зајдисонце на Флорида.

Зајдисонце на Флорида
реклама

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Read more

Чек дис аут

Зошто античките урнатини се под земја?

Read more

Како Ерусалим е поделен меѓу три религии?

Read more

10 неверојатни градби што некогаш постоеле

Read more

Дали и вие имате столица на која оставате облека?

Read more
 

Магазин

Три работи што треба да ги направите кога ќе се разбудите за да го намалите крвниот притисок

Читај повеќе

Карактеристики на родителите кои се блиски со своите возрасни деца

Читај повеќе

Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?

Читај повеќе

Храна што бремените жени треба да ја јадат секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Како се разликуваат симптомите на срцев удар кај жените?

Читај повеќе

Како да подготвите сочни ќофтиња кои нема да се распаднат при пржење?

Читај повеќе

Како бројот на часови сон влијае на вашето тело и мозок?

Читај повеќе

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Читај повеќе