Само еден стан по кат: Заврши изградбата на најтенкиот облакодер во светот

Новиот репер на хоризонтот на Големото јаболко има рекорден сооднос висина-ширина од 24:1 и може да содржи само еден луксузен апартман по кат.

Додадени се последните елементи од надворешната обвивка на супервисокиот облакодер во Њујорк, познат како Steinway Tower, кој е и најтенкиот во светот и втор највисок на западната хемисфера.

Кулата висока 435 метри, чиј дизајн го потпишуваат SHoP Architects, беше завршена минатата недела, а инвеститорите најавија дека е подготвена да се вселат првите станари.

Сместена во таканаречениот Ред на милијардери во центарот на Менхетен, кулата ја достигна својата супервисочина во 2018 година, а со сооднос висина-ширина од 24:1, се смета за најтенкиот облакодер во светот.

Steinway Tower беше најавена во 2013 година, за следната година проектот да започне со полна брзина, но изградбата запре во 2017 година поради финансиски причини.

Според архитектите од SHoP, кулата е изградена од бетон со најголема цврстина во светот.

Steinway Tower може да содржи еден луксузен стан по кат, плус 14 во дел од зградата наречена Steinway Hall, достигнувајќи вкупно 60 станбени единици.

„Секоја предрасуда што ја имаше нашиот тим за облакодерите во Њујорк беше заменета со можност да се направи нешто што никогаш досега не било направено“, изјави Грег Паскварели, директор на SHoP Architects, за Dezeen.

„Како њујорчани, ние сме неверојатно горди што можеме да додадеме нова икона на нашиот хоризонт“, додаде тој.

Зградата се стеснува до прав раб на врвот. Нејзините источни и западни фасади се покриени со теракота плочки со бронзени акценти, додека стаклените ѕидни завеси гледаат кон Централ Парк на север и Долен Менхетен на југ.

Во зградата има и 25-метарски базен, како и други луксузни содржини, вклучувајќи приватна трпезарија и фитнес центар со двојна висина со тераса, додека ентериерот го направи Studio Sofield.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе