Само малку да те погалам
На прв поглед мачките и птиците не се баш добра комбинација, но ова видео ќе ве увери во спротивното. Наместо мачката да ја нападне птицата, а птицата да побегне, и двете одлучија да се спријателат.
Љубопитната мачка нежно ја гали птицата, која пак воопшто не е исплашена туку смирено ужива во галењето.