Фудбал

Само Меси знае да направи хет-трик со голови од прекин

10. ноември 2019 - 10:33 | МИА/КАЈГАНА

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на светот, со трите гола синоќа против Селта Виго, постави еден необичен рекорд во шпанското првенство.

Аргентинскиот ас стана првиот фудбалер кој на еден меч направил хет-трик со два гола од слободен удар и еден од пенал.

Три гола од прекин на ист поединец на еден натпревар во Шпанија не беа видени од 5 мај 2012 година кога играа Барселона и Еспањол. И тогаш Меси даде три гола, но два од пенал, а еден од слободен удар.

Во последните осум сезони, Меси има постигнато дури 29 голови од слободен удар.

Не само што е најдобар во оваа категорија меѓу играчите, туку нема ни клуб во Европа со таква бројка.

Јувентус има 27 гола од слободен удар, Реал Мадрид 23, Рома и Лион по 21, итн.

Коментирај