Само во Саудиска Арабија: Специјален град за пешаци

Саудиска Арабија, водечки светски производител на нафта, вчера соопшти дека ќе изгради град на брегот на Црвеното Море „без автомобили, улици и емисии на штетни гасови“.

Градот THE LINE е составен дел од проект NEOM вреден 500 милијарди долари што принцот престолонаследник Мухамед бин Салман го претстави на државната телевизија.

NEOM ретко се споменува во јавноста откако Бин Салман го најави уште во 2017 година како клучен елемент на Визијата 2030 што треба да ја намали зависноста на Саудиска Арабија од приходите од нафтата.

Проектот вклучува „град со милион жители, кој ќе се протега на 170 километри и ќе зачува 95 проценти од природата во рамките на NEOM, без автомобили, улици и емисии на штетни гасови“, објасни бин Салман.

NEOM на површина од 26.500 квадратни километри ќе вклучува индустриски и логистички зони кои треба да бидат завршени до 2025 година.

„Треба да го трансформираме концептот на обичен град во футуристички“, додаде водачот на земјата која редовно е рангирана меѓу најголемите загадувачи во светот.

Градот за пешаци ќе има училишта, здравствени домови, зелени површини и брз јавен превоз, а патувањето меѓу двете дестинации нема да трае подолго од 20 минути, се вели во соопштението.

Главната улога ѝ е доделена на вештачка интелигенција, а градот ќе биде целосно напојуван со „чиста“ енергија, „создавајќи поздрава и поодржлива околина за жителите, без загадување“.

Изградбата ќе започне во првиот квартал од оваа година, а проектот ќе биде финансиран од државниот инвестициски фонд, со кој кралството се обидува да ја прошири својата економија надвор од клучниот сектор за нафта.

Проектот ќе создаде 380.000 работни места и ќе го зголеми бруто домашниот производ на Саудиска Арабија до 2030 година за 48 милијарди долари, се вели во соопштението.

реклама

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе