Овој необичен американски рецепт се прави со макарони, мелено месо и сос од домати и е многу заситувачки, па нема да ви треба леб.
Потребни состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 450 гр мелено месо
- 1 среден кромид
- 1 морков
- 1 стапче целер
- 3 чешниња лук
- 2 лажички ситна морска сол
- 1 лажичка сушено оригано
- 1/2 лажичка свежо мелен бибер
- 1/4 лажичка шеќер
- 800 гр конзервирани домати
- 2 лажици доматна паста
- 1 лажица ворчестер сос
- 250 гр пилешки булјон
- 125 мл вода (+ уште по потреба)
- 250 гр макарони
- 30 гр пармезан
Подготовка:
Пред да почнете, ситно исечкајте го кромидот, целерот, лукот, а морковот изрендајте го.
Ставете тенџере на силен оган и додадете 1 лажица маслиново масло. Додадете го меленото месо и со шпатула растурајте го 1 минута. Додадете ги морковот, кромидот, целерот и лукот и мешајте додека зеленчукот не омекне, едно 5 минути. Зачинете со сол, оригано, бибер и шеќер и измешајте за сѐ да се соедини.
Додадете ги изгмечените домати, доматната паста, ворчестер сосот, пилешкиот булјон и водата. Оставете да зоврие, а потоа намалете го огнот на минимум, поклопете и гответе 20 минути. Додадете ги макароните и измешајте за да се соединат. Намалете го огнот, покријте и гответе 20 минути, повремено мешајќи, особено пред почетокот на готвењето за да не се таложи и залепи на дното на тавата. Додадете повеќе топла вода ако смесата изгледа сува. Треба да остане многу сочно. Вмешајте го пармезанот и зачинете со сол и бибер по вкус, ако е потребно.