Samsung Galaxy S10 и Note10: Телефони коишто ја одбележаа 2019 година

Во растечката индустрија на паметни телефони, секој месец излегуваат нови модели, меѓутоа само најквалитетните успеваат да привлечат внимание и да ја заслужат довербата на корисниците со своите перформанси. Сериите уреди Samsung Galaxy S10 и Galaxy Note10 се точно такви модели, коишто во текот на минатата година се истакнаа со врвен квалитет во полето на софтверот, хардверот и дизајнот.

Визуелно впечатливиот Quad HD+ AMOLED Infinity-O екран на Galaxy S10+ моделот, му обезбеди на овој телефон сигурно место на многубројните топ листи на најдобри паметни телефони за 2019 година, додека DisplayMate, компанија која што работи со тестирање на телефони, го оцени Galaxy S10 со највисока А+ оцена. Во независната анализа за најдобри паметни телефони што ја спроведе британското здружение на потрошувачи Which? Galaxy S10 5G го зазема првото место, додека после него се позиционираа Galaxy Note10+ 5G и Galaxy S10+, како единствени модели оценети повеќе од 90 проценти. Исто така, сите уреди од Galaxy S10 и Note10 сериите се означени со титулата Best buy која ова здружение ја доделува за одличен квалитет и врвни перформанси во склад со цената.

И за Galaxy Note10+ минатата година беше исклучително добра. Камерата од професионален ранг која што им овозможува на корисниците да снимаат видео содржини и фотографии како никогаш досега, дефинитивно ги остави без здив сите кои што ја пробаа. Од страна на престижниот, светски признат сајт за тестирање на паметни телефони DxO Mark, Galaxy Note10+ 5G е прогласен за телефон со најдобра предна камера, како и со најдобра ултра широка камера. Во компаративниот тест за четири најпопуларни модели на паметни телефони, овој новитет ја зема титулата за најдобра камера во ултра широка категорија. DisplayMate на моделот Note10+ 5G му ја додели и наградата за Најдобар екран на паметен телефон. Корисниците, медиумите и стручната јавност се сложија дека функционалноста и бескрајните можности кои Note10 сериите ги пружаат со својата камера, S пенкалото, одличниот дисплеј и корисните апликации, оваа серија на телефони ја прават беспрекорна.

Домашната јавност во Македонија отсекогаш покажувала огромен интерес за Samsung уредите. Продажбата на Galaxy S10 достигна рекордно ниво на заинтересираност и продажба помеѓу Македонците. Според анкетата на веб порталот telefoni.mk,  читателите за најдобар смартфон на  годината го избраа врвниот премиум смартфон Samsung Galaxy S10 Plus. Овој знаменосец на Samsung, во анкетата во која учествуваа над 1.000 испитаници, има освоено 30% од гласовите односно над 300 поединечни гласови во споредба со останатите смартфони кои беа во трката за најдобар смартфон според македонските фанови. Според анкетата, вториот кандидат на Samsung во годинешната трка на telefoni.mk, Samsung Galaxy Note10 Plus го има освоено петтото место со 9% добиени гласови.

Според рецензијата од telefoni.mk, тоа е добар уред со напредни перформанси, кој добро лежи во раката и креира одлични фотографии. Оттаму велат дека S10 Plus е помоќен, но затоа класичниот модел S10 е златната средина која дефинитивно вреди за секој денар што ќе го вложите.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе