Компанијата Samsung има нов смартфон, а тоа е издржливиот Galaxy XCover Pro кој доаѓа со батерија која може да се извади.
Батеријата којашто може да се извади е реткост кога станува збор за модерните телефони, но во овој случај батеријата на Galaxy XCover Pro може да се извади, да се замени или да се наполни.
Уредот е технички лансиран минатата недела во Финска.
Освен батеријата од 4.500 mAh којашто може да се извади, Galaxy XCover го карактеризира и специфичниот дизајн којшто го прави отпорен и издржлив за да може да преживее пад од височина од 1,5 метри, но и е отпорен на вода и прашина.
Неговиот екран кој е чувствителен на допир функционира и кога е влажен, но и кога корисникот носи ракавици. Уредот има и скенер за бар кодови и има две копчиња чиишто функции можат да се програмираат.
Уредот има 6,3-инчен LCD екран 1080p, Еxynos 9611 процесор, 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Има две камери, главна камера од 25 MP и ултраширока од 8 MP.
Напред се наоѓа селфи камерата од 13 MP сместена на работ на екранот. Смартфонот има оперативен систем Android Pie.
Samsung Galaxy XCover Pro ќе биде достапен во некои делови од Европа кон крај на февруари по цена од 499 евра.