Samsung пред неколку години го претстави моделот A9 кој беше првиот смартфон во светот со 4 задни камери, а јужнокорејската компанија наскоро ќе претстави уште еден новитет.
Шпекулациите се дека Samsung го подготвува моделот A72 кој ќе има 5 задни камери. Сепак, ова нема да биде првиот смартфон во светот со 5 камери бидејќи таа титула припаѓа на Nokia 9 PureView.
Овој модел ќе биде првиот смартфон на Samsung со 5 камери, а не треба да бидеме изненадени бидејќи Серија А често служи за „експериментирање“. Пример за тоа е Galaxy A80 кој е првиот и единствен мобилен на Samsung со flip up камера.
A72 ќе има главна камера од 64 MP, ултраширока од 12, телефото од 8(3х зум), макро од 5 и сензор за длабочина од 5 MP.
Samsung би можел да ја искористи камерата од 8 MP(3x зум) која ја има Galaxy S20 Fan Edition и да ја вгради во модулот за камери на моделот A71 кој веќе има 4 камери. Со тоа ќе се добие оптичка стабилизација на сликата.
Што се однесува на селфи камерата, се очекува еден сензор од 32 MP.
Samsung Galaxy A52 исто така ќе биде дел од новата генерација на уреди од серија А и ќе има 4 задни камери.