Помоќен и со понапредни карактеристики

Samsung го претстави новиот Galaxy A30s

Samsung го претстави новиот модел на телефон Galaxy A30s со современ изглед и напредни иновации. Покрај сестраната камера, Infinity Display и издржливата батерија, овој смартфон е создаден за корисниците кои сакаат од момент во момент да ги зачуваат и споделуваат своите искуства, овозможувајќи им сѐ што им е потребно за инстант секојдневност.

„Станува сè потешко да го замислиме животот без паметни телефони. Истите нѐ спојуваат и ни овозможуваат да ги споделуваме нашите искуства со светот“, вели YeonJeong Kim, потпретседател и раководител на одделението Product Planning Group, Mobile Communications Business во Samsung Electronics. „Како што честото користење на овие уреди континуирано расте, нашата цел е непрестано да воведуваме иновации, обезбедувајќи им ги на корисниците нашите најдобри производи и искуство. Можностите кои ни се потребни од еден телефон на дневно ниво, Galaxy A30s ги подига на уште повисоко ниво“.

Моделот е достапен во четири нови бои – црна, бела, зелена и виолетова и се одликува со иновативен, впечатлив дизајн со уникатни геометриски шари и футуристички холограм-ефект во позадина.

Во комбинација со издржлива батерија од 4.000mAh и можност за брзо полнење, како и со Game Booster-от на база на вештачка интелигенција, овој модел го овозможува најдоброто гејминг искуство „за носење“.

Покрај тоа уредот има и трикратна задна камера – напредна главна од 25MP, една со ултра-широк објектив од 8MP, како и длабочински објектив од 5MP. Со помош на Live Focus режимот на камерата од 5MP, корисниците можат да го користат боке ефектот на професионално ниво и на тој начин да создадат динамични портрети. Алатките на паметната камера подразбираат достапност на опциите Flaw Detector и Scene Optimizer благодарение на кои може многу лесно да се направи совршена фотографија.

Скенерот за отпечатоци на прсти е вграден во самиот екран, со што се зачувува едноставниот дизајн и во исто време се овозможува интуитивна заштита на податоците.

Корисниците на Galaxy A30s смартфоните ќе се вмрежани со Galaxy екосистемот и ја имаат можноста да користат различни сервиси како Samsung Health, Samsung Pay и Knox.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Мобилни

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more

Доаѓа нова технологија: Apple работи на телефон со екран без рамка

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Читај повеќе

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Читај повеќе

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Читај повеќе

Google знае премногу: Како да избришете сè што памти за вас?

Читај повеќе