Сандерс победи на изборите за претседателски кандидат во Невада

Вашингтон, 23 февруари 2020 (МИА) – Во Невада вчера се гласаше на партиски собранија за избор на претседателски кандидат на Демократската партија и според повеќе од 20 отсто од преброените гласови победник е сенаторот од Вермонт Берни Сандерс со освоени 46 отсто од гласовите.

Со оваа победа тој ја потврди улогата на фаворит во трката за номинација претседателски кандидат кој на изборите во ноември ќе му се спротистави на актуелниот претседател Доналд Трамп.

На второ место е е поранешниот потпретседател Џо Бајден со 24 отсто освоени гласови, додека на трето е поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиџ со 14 отсто од освоените гласови.

Овие избори се трети по ред, по партиските собранија во Ајова и примарните во Њу Хемпшир.

За разлика од овие две сојузни држави, каде претежни живее бело население, во Навада околу 50 отсто он населението е бело, а другата половина се Афроамериканци, Латиноамериканци и население со азиско потекло.

Сандерс, прокламиран демократски социјалист, апелира токму кон овие малцински групи, и претежно кон новите генерации Американци.

-Во Невада собравме коалиција од повеќе генерации и раси која не само што ќе победи овде туку ќе ја преплави и земјата, порача синоќа Сандерс на митинг во Сан Антонио, Тексас.

Според најновата анкета на Wal Street Journal и NBC News, Сандерс е лидер и на национално ниво, уште четири кандидати се борат за второто место. За Џо Бајден, Мајкл Блумберг (тој не учествува на партиските собранија во Невада) и за Елизбет Ворен спремни се да гласаат по околу 14 отсто од демократите во Невада, 13 отсто од гласачите претпочитаат да гласаат за Пит Бутиџиџ, додека 7 отсто се за Ејми Клобучар.

Следната станица на демократските избори е Јужна Каролина, каде во сабота ќе се гласа за избор на претседателски кандидат.

Потоа на 3 март ќе се гласа во вкупно 14 сојузни држави како Калифорнија, Тексас или Колорадо, и многумина од кандидатите кои се борат со Сандерс, како њујоршкиот милијардер Мајкл Блумберг, сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен и Бајден, се надеваат на пресврт за време на таканаречениот „супервторник“. Тогаш се добива најголем број на делегати за партиската конвенција во јули кога се номинира претседатескит кандидат.

Сандрес засега има освоени најмногу делегати, вкупно 34, Бутиџиџ има 23, додека Ворен е со осум освоени делегати. Сенаторката Ејму Клобучар има седум а Бајден има вкупно шест. За добивање на номинацијата потребни се 1.991 делегат.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе