Санкциите ги оставија руските автомобили без воздушни перничиња, ABS, клима-уреди

Санкциите наметнати на Русија поради инвазијата на Украина ѝ нанесоа тежок удар и на автомобилската индустрија, а тешкотиите во увозот на делови директно ги засегаат купувачите и сопствениците.

Недостигот на делови ја принуди Lada, чија матична компанија државата неодамна ја откупи од Renault, да претстави нова Classic верзија на моделот Grant. Овој модел ќе се произведува само од делови произведени во Русија и купени од сојузниците, а основната верзија чини 761.000 рубли или околу 13.000 евра.

Овој модел доаѓа без голем број безбедносни системи како што се воздушни перничиња за совозачот, ABS и клима-уред. Го придвижува 1,6-литарски четирицилиндричен мотор кој развива 90 КС и не ги задоволува актуелните европски стандарди, туку оние од 1996 година.

Ова во секој случај е ретрограден чекор за земјата, но руските власти очигледно се подготвени да го жртвуваат квалитетот и безбедноста поради инвазијата. Гласините велат дека Lada планира да понуди „осиромашени“ верзии на други модели како Niva.

Состојбата за постојните сопственици на возила исто така не е добра, бидејќи станува сè потешко да се набават резервни делови, а поправките стануваат поскапи.

Елдар Гаџијев, сопственик на четири автомобили Škoda кои ги користи за такси превоз, за The Guardian изјави дека овластените служби се немоќни во случај на дефекти, додека приватниците имаат листа на чекање од неколку месеци.

Тој додаде дека резервни делови тешко се наоѓаат и дека се екстремно скапи, понекогаш и поскапи од самиот автомобил. Дел од деловите до кои успеал да дојде биле крадени.

Едноставните потребни производи, како масло, во Русија денес се десетпати поскапи од порано, а тоа е последица на инвазијата на Украина.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Read more

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Read more

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more
 

Автомобили

  • filter

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Читај повеќе

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе