Санкционирани 295 возачи поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, при што санкционираше 295 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 194 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 9 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 4 мерки за користење мобилен телефон, 12 за возење под дејство на алкохол, 4 за нерегистрирани возила, 8 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Во Битола синоќа биле санкционирани возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, додека во Кочани се изречени казни за возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

Како што информира МВР, во Битола синоќа од 22:00 до 4:00 часот изутрина биле санкционирани 24 возачи.

Во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во текот на изминатата вечер, од 21:00 до 4:00 часот изутрина во Кочани биле санкционирани 28 возачи, од кои 9 за возење без возачка дозвола, 8 за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се наведува во соопштението на МВР.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе