Полицијата и натаму продолжува да се бори со несовесните граѓани, а сега откако е на сила и полицискиот час се забележуваат казнувања и поради прекршување на оваа мерка.
Од МВР известуваат дека во текот на изминатото деноноќие, односно 19 и 20 февруари, на територијата на државава се регистрирани 513 прекршоци во однос на мерката за носење маска како превенција од ширење на коронавирусот COVID-19.
А, пак, од 22 часот синоќа до 5 часот утринава констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19“, апелира МВР.