Со драстично засилени контроли продолжува трендот на казнување на непримерни и несовесни граѓани кои не носат заштитна маска кршејќи ги и новите правила донесени од Владата во однос на носењето маска.
Од МВР известија дека во текот на изминатото деноноќие, односно 27 и 28 ноември, на територијата на државава се регистрирани 549 прекршоци во однос на мерката за носење маска како превенција од ширење на коронавирусот COVID-19.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19“, апелира МВР.