Со засилени контроли во пресрет на новогодишните празници продолжува трендот на казнување на непримерни и несовесни граѓани кои не носат заштитна маска кршејќи ги правилата донесени од Владата во однос на носењето маска, а со цел заштита на ширењето на коронавирусот.
Од МВР известија дека во текот на изминатото деноноќие, односно 25 и 26 декември, на територијата на државава се регистрирани 681 прекршок во однос на мерката за носење маска како превенција од ширење на коронавирусот COVID-19.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19“, апелира МВР.