Санремо: Пејач дивееше на сцена, шутираше цвеќиња и ги тресеше музичарите

Започна 73. издание на култниот италијански музички фестивал Санремо, а првата вечер ја одбележа скандалозниот настап на минатогодишниот победник Бланко.

Имено, за време на својот настап, италијанскиот пејач во еден момент почна да ја уништува сценографијата на бината.

Ги клоцаше и со раце ги корнеше цвеќињата на бината, фрлал даски со рози и ги тресеше музичарите кои го пратеа. Дури и се лизна шутирајќи ги розите.

Своето дивеење не го прекина до самиот крај на песната, а кога го направи тоа, публиката гласно го исвирка.

Песната со која настапи се вика „L'isola delle rose“ (Островот на розите).

Remote video URL

„Убавата работа во музиката е тоа што не мора секогаш да следите шаблон. За жал, не слушав во слушалките, не го слушнав гласот, но сепак се забавував“, изјави пејачот пред водителот кој со страв му пријде.

Од почетокот на настапот имал проблем бидејќи во слушајките не слушал ништо. Во знак на револт почнал да ја униптува сцената. Водителот му понуди, доколку сака, на крај да го повтори настапот во салата „Аристон“ со исправни слушалки.

Италијанските медиуми неговиот настап го окарактеризираа како еден од најлошите во историјата на фестивалот.

По него на сцената со метла се појави легендарниот музичар Џани Моранди кој ја подзачисти сцената од расфрланите цвеќиња.

URL

Фестивалот трае до сабота, 11 февруари.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Музика

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе