Сари седнува на клупата на Лацио

Клубот од Рим веднаш најде замена за испразнетото столче по заминувањето на Симоне Инѕаги и тоа во поранешниот предводник на Јуве, Челси, Наполи и Емполи.

Маурицио Сари го прекинува едносезонскиот одмор и седнува на клупата на „Бјанкочелестите“. Самиот клуб денеска го потврди ангажирањето на новиот стратег.

„СС Лацио соопштува дека Маурицио Сари е нов тренер на првиот тим“, кратко објави клубот на официјалната веб-страница, а на интересен начин веста ја соопшти на Twitter објавувајќи само смајли со цигара која гори, асоцирајќи на она по кое е препознатлив Сари, пушењето.

URL

„Лацио го одбра стратегот чиј рејтинг е во линија со потребата да се консолидира и издигне тимот, во Италија и во Европа, тренер каков што управата, навивачите и тимот заслужуваат да имаат“, напиша претседателот Клаудио Лотито.

62-годишниот Сари беше без ангажман од минатото лето кога заработи отказ од Јувентус иако го освои Скудетото. Причината беше раното испаѓање од Лигата на шампионите и тоа од Лион.

Саро долги години беше предводник на нисколигаши сѐ до периодот 2012-2015 кога се прослави водејќи го Емполи од Серија Би во А. Потоа седна на клупата на Наполи каде за 4 сезони секогаш беше при врвот, но секогаш зад Јуве, потоа се префрли во Челси со кој ја освои Лига Европа, но по само една сезона се врати на Чизмата преземајќи го Јувентус.

Клупата на Лацио остана празна откако Симоне Инѕаги одлучи кариерата да ја продолжи предводејќи го шампионот Интер.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе