Сашко Коцев: Потребна е демистификација на театарот

Скопје, 26 март 2018 (МИА) - Политичката состојба можеби токму сега го има најсилното влијание, па затоа политиката може да биде театар со своите бројни заткулисни игри. Но театарот не смее да се претвори во политика. Нашата игра е отворена, истакнува актерот Сашко Коцев кој оваа година е автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот 27 Март.

Во услови на исклучително загадена духовна средина, пишува Коцев во пораката, кога тривијалноста на примитивен начин агресивно се промовира како културна вредност и кога преку разни риалити шоуа и технички помагала бесмисленото ѕиркање во туѓите уште побесмислени животи стана секојдневие, неопходно е како никогаш досега да си поставиме прашања.

Прашувајќи дали е доволен досегашниот театарски пристап во однос на девијациите во реалноста и колкава е моќта на театарот, каде треба тој да цели и кој е неговиот краен дострел, Коцев истакнува: „Како што се тврди дека патриотизмот е последното прибежиште на ништожниците, тогаш одговорно тврдам дека хиперболизирањето на значењето на театарот, односно неговото непотребно мистифицирање или патетизирање е последното прибежиште на неталентираните“.

- Токму затоа сметам дека е нужно потребна негова демистификација. Светскиот ден на театарот е одличен повод токму ние, театарските дејци, да ги симнеме маските ставени на нашите лица и да проговориме за вистината. Да се навратиме, да се потсетиме или да ги освестиме базичните мотиви кои нѐ натерале да се бавиме со оваа професија. Да го замениме стремежот кон конформизам и благосостојба, кои во принцип значат креативна смрт за уметникот, со несебична борба за промена од моменталниот културен стриптиз во создавање здрава културна матрица, наведува во пораката популарниот македонски актер и стендап-комичар.

Според него, на театарот му недостига и театарска критика која ќе биде без никаква заднина и која, вели, ќе нѐ натера да ја кренеме летвичката погоре, да изнудиме повеќе од себе.

- Критика која нема да ни дозволи да потклекнеме на барањата на публиката. Токму на Светскиот ден на театарот, неопходно е сите да се прашаме - имаме ли потреба да манипулираме со светоста на оваа професија кога таа има моќ да ни ја даде најнепроценливата овоземна илузија, смислата на нашето постоење, истакнува Коцев во македонската порака по повод Меѓународниот ден на театарот.

Македонската порака утревечер ќе биде прочитана во сите театри во Македонија заедно со светската порака која оваа година не е само една, туку пет – напишани од автори од пет континенти: Сабина Берман од Мексико (писател, драмски автор, новинар), Сајмон МекБарни од Велика Британија (театарски и филмски режисер), Маја Збиб од Либан (театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на театарската куќа „Зукак“), Рам Гопал Баџаџ од Индија (театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи) и Вере Вере Лајкинг од Брегот на Слоновата Коска (мултидисциплинарен уметник).

Оваа година е јубилејна за меѓународната мрежа на Интенационалниот театарски институт-ИТИ УНЕСКО. Мрежата слави седумдесет години постоење (1948-2018) и по тој повод регионалните центри на ИТИ организираа повелби за пет заслужни театарски уметници од светот.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе