Сателитскиот интернет Starlink достапен во 32 земји, Македонија ќе почека

Сателитскиот интернет Starlink на SpaceX сега е достапен во 32 земји низ светот.

 

Основачот и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, преку Twitter соопшти дека интернетот Starlink сега е достапен во 32 земји, вклучувајќи делови од Австралија, Бразил, Чиле, САД, Канада и поголемиот дел од Европа, и дека опремата може да се испорача „веднаш“.

Хрватска е веќе меѓу земјите каде што е достапенStarlink интернетот, БиХ и Србија сè уште се листа на листа на чекање, а Македонија спаѓа во групата „наскоро“. Starlink заживеа минатата година, од септември 2021 година беше достапен во 12, а од февруари во 25 земји.

Твитот на Маск има и линк до мапата на покриеност на Starlink. Светлосината ги означува земјите каде Starlink е достапен, малку потемно сината ги претставува земјите на „листата на чекање“, додека темносината ги означува земјите каде што Starlink ќе биде достапен „наскоро“.

URL

Цената на опремата на Starlink неодамна се зголеми и сега чини 549 долари за оние кои имаат резервации или 599 долари за нови нарачки. Вклучува сателитска антена, држач, напојување и WiFi рутер. Цената на услугата е зголемена од 99 долари на 110 долари месечно, а корисниците може да добијат и пренослива опција која им овозможува да ја носат опремата на патувања. Таа опција чини дополнителни 25 долари месечно.

Приоритет за SpaceX се зафрлените региони кои немаат друг начин за поврзување на интернет. Starlink нуди брзина на преземање и испраќање од 104,97 / 12,04 Mbps во САД од четвртиот квартал минатата година.

Како што SpaceX лансира нови сателити Starlink и ја зголемува констелацијата, брзината на интернетот се зголемува. Латентноста е побавна во споредба со фиксните мрежи (40 и 14 милисекунди), но многу подобра од другите сателитски опции, вклучувајќи ги HugesNet (729 милисекунди) и Viasat (627 милисекунди).

Starlink не е ослободен од контроверзии, бидејќи астрономите се жалаат дека неговите илјадници сателити го попречуваат набљудувањето со телескопи, а компанијата неодамна изгуби 40 сателити поради геомагнетна бура.

Во Франција привремено е одземена лиценцата за работа на Starlink, а конечната одлука се очекува наскоро.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе