Ријад, 18 септември 2019 (МИА) – Саудискиот министер за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман, соопшти дека се обновени 50 отсто од производството на нафта кое беше намалено по нападот на рафинеријата.
На конференција во Џеда, принцот додаде дека до крајот на месецот капацитетот на производството ќе биде подигнат до 11 милиони барели на ден. Пред нападот се произведувале околу 9,6 милиони барели дневно.
Нафтените постројки на Saudi Aramco беа нападнати во саботата со дронови и крстосувачки ракети, со што беше намалено производството на нафта за 5,7 барели дневно, што е околу пет отсто од светското производство на нафта.
Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран.