Фудбалерите на Англија и синоќа не успеаја да ја развеселат нацијата и да освојат голем трофеј за прв пат по 1966 година, а навивачите го сметаат тренерот Гарет Саутгејт за главен виновник за новиот неуспех.
Англичаните го претрпеа вториот последователен пораз во финалето на ЕУРО, а на Саутгејт веднаш по натпреварот му беше поставено конкретно прашање - дали ќе се повлече од клупата на репрезентацијата.
„Мислам дека сега не е вистинското време да ја донесам таа одлука. Морам да разговарам со вистинските луѓе. Засега не би зборувал за тоа“, изјави Саутгејт.
Саутгејт е на клупата на Англија од 2016 година и на 102 натпревари забележа 64 победи, 20 нерешени и 18 порази, а актуелниот договор му е до крајот на годината.
Навивачите стравуваат дека Фудбалската асоцијација на Англија ќе му го продолжи договорот бидејќи според нив играта на репрезентацијата е негледлива, а тој не го извлекува најдоброто од играчите.
Да потсетиме, Шпанија синоќа победи во финалето на ЕУРО со 2:1 головите на Нико Вилијамс во 47. минута и Микел Ојарзабал во 87. минута, додека единствениот гол за Англија го постигна Кол Палмер во 73. минута.