Џеки Чен откри како успеал да научи англиски: На почетокот ништо не разбирав

Џеки Чен, додека гостуваше во „The Kelly Clarkson Show“, откри дека кантри музиката одиграла клучна улога во неговото учење англиски јазик откако се преселил од Хонгконг во САД.

Појавувајќи се во емисијата, Чен рече дека во неговите рани денови во Холивуд тешко ги разбирал режисерите на филмските сетови.

„На почетокот не разбирав ништо. Секогаш имав свој преведувач на дијалози кој ќе го преведеше она што ми го кажуваа“, рече Чен.

Откри необичен, но корисен начин на кој го научил јазикот.

„Научив англиски слушајќи кантри песни, бидејќи се бавни“, рече тој.

Потоа го отпеа рефренот од хитот „Always on My Mind“ на Вили Нелсон, што ги воодушеви публиката и водителката.

Песната „Always on My Mind“ првично беше напишана во 1972 година, а подоцна беше преработена од Елвис Присли и Вили Нелсон, кои ја издадоа нејзината најпозната верзија во 1982 година. Чен рече дека бавното темпо и јасната артикулација на кантри музиката му помогнале да ги поврзе зборовите и да го научи изговорот и значењето во контекст.

Чен се појави во шоуто со колегите Ралф Макио и Бен Ван за да го прослави објавувањето на новиот филм од франшизата „Karate Kid: Legends“.

Макио, кој ја повторува својата улога како Даниел ЛаРусо во филмот, откри дека по 41 година снимање карате филмови, конечно заработил црн појас во реалниот живот.

„Ми требаше цел живот, но успеав“, рече тој со насмевка.

Тагови
реклама

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Филм & ТВ

Зошто Том Круз одбил улога во класикот The Shawshank Redemption?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Ариел Винтер откри дека била злоставувана: Филмската индустрија е темно место

Read more

По 14 години се гаси Al Jazeera Balkans

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Зошто Том Круз одбил улога во класикот The Shawshank Redemption?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џастин Бибер објави нов албум

Читај повеќе

Рики Мартин збеснал кога водителот го терал да признае дека е геј

Читај повеќе

Ариел Винтер откри дека била злоставувана: Филмската индустрија е темно место

Читај повеќе

По 14 години се гаси Al Jazeera Balkans

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес Русинките кои ја потресоа светската музичка сцена пеејќи за лезбејската љубов?

Читај повеќе

Кои актери се придружуваат на екипата за The Devil Wears Prada 2?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе