Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Обожавателите на серијата The X-Files наскоро можно е повторно да ја видат агентката Дејна Скали на малите екрани.

Режисерот Рајан Куглер потврди дека рестартирањето на легендарната серија е неговиот следен проект и дека веќе разговарал со ѕвездата на серијата Џилијан Андерсон.

„Разговарав со одличната Џилијан Андерсон за серијата“, рече Куглер за време на појавувањето на Last Podcast on the Left, пренесува Deadline.

„Неверојатна е. Се надевам дека ќе согласи на новата серија“.

Познатиот режисер додаде дека долго време бил возбуден поради овој проект, а на фановите им ветил дека новите епизоди на кои работи ќе бидат навистина застрашувачки.

Нов пристап кон култната франшиза

Ова е предизвик за Куглер, не само затоа што се работи за култна серија со повеќедецениска историја, туку и затоа што планира да ја оживее серијата со нова актерска екипа. Оригиналниот креатор на серијата, Крис Картер, минатата година откри дека Куглер има големи планови, особено во контекст на модерните теории на заговор кои сега се речиси дел од мејнстримот.

Самата Андерсон, која стана телевизиска икона во улогата на скептичната, но непоколеблива агентка Скали, не ја исклучи можноста за враќање. Таа го нарече Куглер генијалец и рече дека тој е најдобриот избор за рестартирање на серијата.

Иако официјално го нема потврдено ангажманот, таа ја остави вратата отворена: „Не велам не. Мислам дека тој е навистина одлична личност и дека, ако навистина се впушти во тоа, може да направи квалитетно рестартирање. Можеби дури и накратко ќе се појавам, онака попатно“.

Серијата The X-Files првично се емитуваше од 1993 до 2002 година и ги следеше Џилијан Андерсон и Дејвид Духовни како агенти на ФБИ кои истражуваа натприродни и необјаснети случаи.

Серијата, исто така, доби два играни филма, The X-Files во 1998 година и The X-Files: I Want to Believe во 2008 година и две нови сезони кои се емитуваа од 2016 до 2018 година. The X-Files освои вкупно 15 Еми награди и пет Златни глобуси.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Гари Олдман тврди дека улогите во овие филмови му ја спасиле кариерата

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Read more

Stranger Things пишува историја: Финалето на серијата ќе се прикажува во кината ширум светот

Read more
 

Сцена

Гари Олдман тврди дека улогите во овие филмови му ја спасиле кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто (не) треба да го гледате Frankenstein на Гиљермо дел Торо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Читај повеќе

Stranger Things пишува историја: Финалето на серијата ќе се прикажува во кината ширум светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Роуан Аткинсон се враќа: Netflix објави трејлер за серијата Man Vs Baby

Читај повеќе
  • play_arrow

Шварценегер го откри единствениот римејк на негов филм што би сакал да го види

Читај повеќе
  • play_arrow

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Читај повеќе
  • play_arrow

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Читај повеќе