Џо Малдонадо-Пасаж, во јавноста попознат како Џо Егзотик (62) од популарната документарна серија Tiger King се венча во затвор за Хорхе, кој е 28 години помлад од него, со кого се запознал додека ја издржувал казната.
На својот Instagram профил сподели фотографија од церемонијата и напиша: „Никогаш не сум бил погорд на некого. Запознајте го мојот сопруг Хорхе Флорес Малдонадо“.
На сликата и двајцата носеа црни костуми со бела роза на реверите и бели качкети.
Неговата објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Додека некои корисници изразуваа поддршка и испраќаа честитки, имаше и такви кои се сомневаа во неговиот моментален статус и иднина.
„Среќно со случајот“, му напишал еден корисник на социјалната мрежа Х, на што Егзотик одговорил: „Поднесов жалба, би требало да победам. Немам проблем да одам во Мексико“.
За потсетување, Џо ја објави свршувачката со Хорхе на крајот на октомври минатата година, велејќи дека се надева дека нивниот брак ќе помогне во барањето за азил на Хорхе, но и дека постои можност заедно да ги напуштат САД по неговото ослободување од затвор.
„Тој е неверојатен. Посакувам да го запознаев порано“, напиша тогаш Егзотик, кој продолжува да го привлекува вниманието на јавноста, како со своите постапки, така и со своите искрени емотивни објави.