Џони Деп се враќа во Холивуд за прв пат по судската драма со Амбер Херд

Џони Деп се врати во Холивуд, за првпат откако заврши неговата судска битка со поранешната сопруга Амбер Херд. Моментално го снима акциониот трилер Day Drinker со Пенелопе Круз.

На првата фотографија од сетот се гледа како Деп држи чаша и гледа во камерата со мрачен израз. Големата промена во неговиот изглед привлече внимание. Неговата долга коса и брада се речиси целосно проседени, поради што изгледа постаро отколку што го паметат неговите обожаватели. Деп ќе го игра мистериозниот лик Кели, која случајно ќе запознае келнерка на брод за крстарење, Лорна (Медлин Клајн). Двајцата набрзо се наоѓаат во опасна криминална завера.

Пенелопе Круз, која веќе има работено со Деп во филмови како Blow, Pirates of the Caribbean и Murder on the Orient Express, овојпат го толкува ликот на Кара Лаузана.

Филмот е во режија на Марк Веб, познат по неодамнешниот игран филм Snow White на Disney со Рејчел Зеглер и Гал Гадот во главните улоги. Веб рече дека е исклучително возбуден поради проектот: „Имаме фантастична екипа, прекрасна локација и возбудлива приказна. Ќе биде навистина забавно“.

Продуценти на филмот се Басил Иваник и Ерика Ли, познати по филмовите со Џон Вик и Адам Колбренер, кој работеше на филмот Detained. Сценариото го напиша Зак Дин.

Day Drinker е првиот голем холивудски проект на Деп во последните седум години. Неговата последна голема улога беше онаа на мрачниот волшебник Гринделвалд во филмот Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald. Поради контроверзноста околу судскиот случај со Амбер Херд, тој беше заменет во продолжението на франшизата од актерот Мадс Микелсен.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Синот Ник уапсен за убиството на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Read more

Сидни Свини заводливо позираше на премиерата: Тесна бела облека ѝ го истакна деколтето

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Убиени режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Read more
 

Сцена

Синот Ник уапсен за убиството на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Читај повеќе
  • filter

Сидни Свини заводливо позираше на премиерата: Тесна бела облека ѝ го истакна деколтето

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Убиени режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Читај повеќе
  • play_arrow

Гостувањето на Ван Дам во Friends било непријатно искуство за Кокс и Анистон

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шакира запеа со синовите, публиката во солзи

Читај повеќе
  • play_arrow

Сѐ што е погрешно со новиот Superman

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Кроу разочаран од продолжението на Gladiator

Читај повеќе
  • play_arrow

Тензија, шамар и крваво лице: Стигна тизерот за филмот The Drama

Читај повеќе