Обожавателите на култната романтична комедија My Best Friend’s Wedding имаат причина за славење. Џулија Робертс потврди дека е во преговори да ја повтори својата улога како Џулс Потер во долгоочекуваното продолжение. Актерката, добитничка на Оскар, ја откри веста во интервју за Variety.
Додека дискутираше за нејзиниот нов филм After the Hunt, 57-годишната актерка беше прашана дали ќе се појави во продолжение на хитот од 1997 година. „Ми се јавија“, одговори кратко Робертс, потврдувајќи дека разговорите се во тек. Variety објавува дека актерката се насмеала кога режисерот Лука Гуадањино, кој исто така се појави во интервјуто, на шега рекол дека ќе го режира продолжението „во секунда“.
Веста за продолжението прв пат се појави кон крајот на јули, кога беше објавено дека режисерката Селин Сонг, потпишала договор за сценариото.
Иако 37-годишната Сонг е потпишана за сценариото, режисерот и остатокот од екипата сè уште не се официјално потврдени. Оригиналниот филм е режиран од австралискиот режисер ПиЏеј Хоган.