Џулија Робертс за филмот кој го смета за најлош во кариерата

Џулија Робертс веќе со децении важи за една од најхаризматичните актерки во Холивуд.

На почетокот од кариерата пленеше со романтични комедии и трилери, а подоцна доби сериозни актерски пофалби за филмот Erin Brockovich, за кој освои Оскар. Но, дури и во кариерата на големи ѕвезди има промашувања.

Еден од најлошо оценетите филмови во нејзината кариера беше I Love Trouble – романтичен трилер од 1994 година во кој глуми новинарка од Чикаго која се натпреварува со колега од конкуренциска редакција, кого го игра Ник Нолти. Иако на хартија звучи како класична романтична збрка, филмот се покажа како целосно промашување – и кај критичарите и кај публиката.

Проблемот не беше само во недостатокот на хемија меѓу главните актери, туку и во сценариото полно со несмасни реплики – како онаа кога Нолти го поздравува нејзиниот лик со зборовите: „Извини, од каде рече дека си? Кучковил?“

Remote video URL

Но, вистинската причина за целосната неубедливост беше длабокиот анимозитет меѓу главните актери. Нивната нетрпеливост стана позната и надвор од сетот, а двајцата беа неверојатно искрени за тоа години подоцна. Џулија Робертс го нарече Нолти „одвратен човек“, додека тој возврати дека и таа „не е баш добра личност“. Имаше гласини дека некои сцени биле снимани со дублери наместо нив – нешто што Робертс подоцна го негираше, но не го бранеше филмот.

Во интервју за Vanity Fair во 1999 година изјави: „Не знам што сè реков за филмот I Love Trouble, освен дека беше ѓубре. Не е тајна дека Ник и јас не се сложувавме“, пренесува Far Out Magazine.

Без оглед на тогашната популарност на Робертс, филмот пропадна. Покажа дека ниту познатите имиња не можат да спасат проект кој нема ниту сценарио, ниту хемија, ниту меѓусебно почитување меѓу главните ѕвезди. Актерката продолжи да гради кариера со успешни улоги, но овој филм остана еден од најочигледните потсетници дека дури ни најголемите ѕвезди не можат секогаш да избегнат катастрофа.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Филм & ТВ

Netflix го купува HBO Max

Read more

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Read more

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Read more

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Читај повеќе

Netflix го купува HBO Max

Читај повеќе

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Читај повеќе

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Читај повеќе

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сидни Свини блесна во облека што зрачи со винтиџ холивудски гламур

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од декември во Кинотека

Читај повеќе