Фановите не го сакаат овој Witcher, тагуваат по Хенри Кавил

Во официјалниот трејлер за четвртата сезона на популарната серија The Witcher на Netflix, имаме шанса малку подобро да го погледнеме Лиам Хемсворт во улогата на легендарниот Гералт од Ривија. Заплетот го следи неговата очајничка потрага по Сири (Фреја Алан), додека војната го распарчува континентот, а непријателите го демнат на секој чекор, пишува Deadline.

Според официјалниот синопсис, сезоната продолжува со драматичните настани на крајот од третата сезона што го променија балансот на моќ на континентот. Гералт, Јенефер и Сири се разделени и принудени сами да се соочат со опасностите од еден свет разурнат од војна. „Ако успеат да ги прифатат и да ги водат групите отпадници во кои се наоѓаат, имаат шанса да го преживеат огненото крштавање и повторно да се пронајдат“, се вели во најавата. Трејлерот го прикажува Гералт како води необична група авантуристи низ низа мрачни и опасни локации.

Заедно со Хемсворт, во серијата ќе се појави и Лоренс Фишбурн како Реџис, саканиот лик од книгите и видеоигрите The Witcher. Реџис, кој првпат се појавува во романот „Огнено крштавање“ од Анджеј Сапковски, е поранешен бербер и хирург со мистериозно минато кој му се придружува на Гералт на неговото патување.

Во серијата се враќаат и Ања Чалотра како Јенефер, Фреја Алан како Сири и Џои Бејти како бардот Јаскиер. Продуцентскиот тим го предводат Стив Гауб, Мет О'Тул, Мајк Островски, Хавиер Грило-Марксуах, Лорен Шмит и тимовите на Platige Films и Hivemind Content.

Remote video URL
Гледачите повторно разочарани

Четвртата сезона на The Witcher премиерно се прикажува на 30 октомври на Netflix. Обожавателите може да очекуваат напнато продолжение на приказната за магија, предавство и искупување и нова ера на Гералт од Ривија под водство на Лиам Хемсворт откако Хенри Кавил го напушти проектот.

Неговото заминување, како и изборот на Лиам Хемсворт за улогата, најпознат по неговата улога во филмовите од франшизата The Hunger Games, предизвикаа негативни критики од многу обожаватели. Истото се случува и со коментарите по објавувањето на официјалниот трејлер, кој, исто како и првиот тизер, има повеќе лоши отколку добри критики.

„Ова изгледа како Гералт од пониска класа“, „Запомнете, не е виновен актерот, туку продуцентите што го натераа Хенри да се откаже“, „Знам дека не е виновен Лиам што ја прифати улогата, но ова изгледа навистина лошо“, „Без разлика колку се труди, Лиам никогаш нема да биде толку добар Гералт како што беше Хенри. Тој едноставно е роден за улогата“, „Колку повеќе содржина гледам за новата сезона, толку помалку сакам да ја гледам“, „Не сакам да го гледам ова, изгледа ужасно“, се само некои од коментарите.

реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Какви промени носи Марс во Рак од 11 август до 27 септември?

Read more

Филм & ТВ

Ѕвездата од Baywatch на 56 години се приклучи на OnlyFans: Ветувам дека нема да се разочарате

Read more

Адриен Броди и Шон Пен во Загреб снимаат филм инспириран од руско-украинската војна 

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Искрен трејлер за Masters of the Universe

Read more

Сцена

Ѕвездата од Baywatch на 56 години се приклучи на OnlyFans: Ветувам дека нема да се разочарате

Читај повеќе

Адриен Броди и Шон Пен во Загреб снимаат филм инспириран од руско-украинската војна 

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

9 август 1986: Последниот концерт во живо на Queen со Фреди Меркјури

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Masters of the Universe

Читај повеќе
  • filter

Мајли Сајрус позираше во досега најпровокативно издание

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Mayday со Рајан Рејнолдс

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кои 10 актери се фаворити за новиот Џејмс Бонд?

Читај повеќе