The Housemaid заработи повеќе од 300 милиони долари во кината ширум светот, што е голем пресврт за филм со среден буџет.
Досега, психолошкиот трилер, во кој главните улоги ги играат Сидни Свини и Аманда Сајфрид, заработи 116 милиони долари во Соединетите Американски Држави и особено импресивни 189,1 милиони долари во странство, со што неговата глобална заработка достигна 305 милиони долари.
Филмот е со оценка R, што значи дека не се препорачува за гледање од лица под 18 години без присуство на родител или старател.
Lionsgate потроши само 35 милиони долари за продукција на филмот, што значи дека студиото ќе биде исклучително профитабилно. Филмот беше премиерно прикажан пред католички Божик со скромни 19 милиони долари во Северна Америка, а потоа продолжи да се гледа и во новата година, благодарение на позитивните критики и препораки.
Минатиот викенд The Housemaid беше број 1 во неколку прекуокеански територии, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Франција, Мексико, Бразил и Шпанија, што е огромен успех со оглед на тоа што филмот дебитираше на тие пазари пред речиси еден месец.
Териториите со најголема заработка се Обединетото Кралство (36,4 милиони долари), Франција (33,4 милиони долари), Австралија и Нов Зеланд (15,3 милиони долари) и Шпанија (12,5 милиони долари).
Во режија на Пол Фејг, базирана на бестселерот од Фрида МекФаден, оваа изопачена приказна следи млада жена (Свини) со мистериозно минато која е ангажирана како слугинка за многу богато семејство.
Сајфрид и Брендон Скленар играат сопруг и сопруга чии совршени животи се далеку од она што изгледаат. Со оглед на огромниот успех на филмот - и фактот дека МекФаден напиша две продолженија - вториот дел The Housemaid's Secret веќе е во подготовка, а се очекува враќање на Свини, Фејг и италијанскиот актер Микеле Мороне.
Според овие критериуми, The Housemaid е филмот на Свини со најголема заработка во кој глуми главна улога, надминувајќи го хитот од 2023 година Anyone But You (220,2 милиони долари).
The Housemaid беше објавен кратко по неуспехот на Christy на бокс-офисот во ноември, биографска драма во која Свини ја играше пионерската боксерка Кристи Мартин. Филмот со рејтинг R заработи само 1,9 милиони долари.