Колку рекорди се рушат на годинешните Оскари?

Деведесет и осмата свеченост за доделување на наградите од aмериканската Aкадемија за филмска уметност и  наука науките ќе се одржи викендов, на 15 март, во Dolby Theatre во Холивуд, Лос Анџелес.

На годинешните Оскари, акциониот хорор Sinners во режија на Рајан Куглер е апсолутен рекордер со 16 номинации, иако има силен ривал во One Battle After Another. Годинава, на Оскарите ќе бидат срушени неколку рекорди.

Анимираниот филм Zootopia 2 оствари најголем приход од сите филмови номинирани за Оскар оваа година, заработувајќи 1,86 милијарди долари низ целиот свет, пишува BBC. Тука е и Avatar: Fire and Ash кој донесе приход од 1,48 милијарди долари, а во категоријата за најдобар филм, трилерот F1 со Бред Пит оствари најголем приход, заработувајќи 632 милиони долари.

Ема Стоун соборува два рекорда оваа година, на 37-годишна возраст, актерката е најмладата жена што некогаш освоила седум номинации за Оскар, надминувајќи ја Мерил Стрип, која го стори тоа на 38-годишна возраст. Стоун исто така стана единствената актерка чии први пет номинации за Оскар беа за улоги во филмови кои се натпреваруваа и во категоријата за најдобар филм.

Друга интересна работа е поврзана со филмот Frankenstein, бидејќи поминаа 207 години откако Мери Шели  го напиша романот во 1818 година до филмската адаптација на Гилjермо дел Торо за Netflix во 2025 година. Тоа е еден од најголемите јазови помеѓу изворниот материјал и филмската адаптација во историјата на Оскарите.

Remote video URL

Исто така е интересно што неколку номинирани актери се многу лојални на своите режисери. Четирите неразделни парови се Итан Хок и Ричард Линклејтер, кои заедно снимија девет филмови, потоа тука се Мајкл Б. Џордан и Рајан Куглер со пет филмови снимени заедно, а Ема Стоун и Јоргос Лантимос, и Рената Рејнсве и Јоаким Трир, имаат по три остварувања заедно.

Интересно е и што Џеси Бакли (Hamnet) би можело да стане првата актерка од Ирска што добила Оскар за најдобра актерка во главна улога. Серша Ронан и Рут Нега, родум од Ирска, претходно беа номинирани, додека Бренда Фрикер ја освои наградата за најдобра актерка во споредна улога во 1989 година, но ниту една ирска ѕвезда досега не ја освоила наградата во категоријата за главна актерка.

Remote video URL

Интересно е и што Бред Пит го прекина трендот од 35 години. Филмот F1 на американскиот актер се појавува во неколку категории за технички достигнувања, но освои и изненадувачка номинација за најдобар филм. Последниот филм што успеа во ова беше анимираниот Beauty and the Beast од 1991 година.

KPop Demon Hunters ќе се обиде да освои два Оскара: хитот на Netflix е фаворит за победа во две категории - најдобар анимиран филм и најдобра оригинална песна изведена од женската група Huntr/x.

Remote video URL

Тимоти Шаламе е најмладиот актер од Марлон Брандо наваму кој освоил три номинации за Оскар за глума. Брандо имал 30 години, на иста возраст како и Шаламе, кога ја добил својата трета номинација во 1954 година. Шаламе веќе ја пропушти можноста да биде најмладиот победник досега, бидејќи тој рекорд го држи Адриен Броди, кој го освои Оскарот на 29 години за филмот The Pianist во 2001 година.

@mtvuk A huge congrats to Timothée Chalamet for his Best Actor nomination at the 2026 #Oscars for his role in Marty Supreme 🎬 #timotheechalamet #oscar #academyawards #mtvmovies ♬ original sound - Adamusic

Друг интересен факт е дека филмот One Battle After Another е 12-ти филм на Леонардо Дикаприо номиниран за најдобар филм, изедначувајќи го со Роберт Де Ниро. The Godfather 2 од 1974 година беше првото појавување на Де Ниро во највисоката категорија, пред да ја продолжи низата со филмови како што се Raging Bull, Goodfellas, Joker и The Irishman.

Remote video URL
Тагови
реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Филм & ТВ

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Read more

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Read more

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Read more

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Read more

Сцена

  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе