Координаторката за интимност на Euphoria открива што се случувало на сет

Новата сезона на популарната серија Euphoria донесе значително поексплицитна содржина од претходната, што предизвика бројни дискусии. 

Една од координаторките за интимност во серијата зборуваше за предизвиците при снимањето на вакви сцени, откривајќи дека актерите биле охрабрени да бидат ранливи и дека создавањето безбедна средина било клучно.

Поексплицитна содржина во новите епизоди

Фокусот на дискусиите за најновата сезона беа неколку екстремно експлицитни сцени. Ликот Кеси (Сидни Свини), станува ѕвезда на платформата OnlyFans во новите епизоди, а една од сцените во кои таа се преправа дека е бебе стана вирална.

Сличен скок во експлицитноста направи и ликот Џулс (Хантер Шефер) која нејзиниот спонзор во една сцена ја мумифицирана во најлонска фолија. 

Ликот Ру (Зендаја) работи во стриптиз клуб и е сведок на вознемирувачка интимна сцена, што заедно потврдува дека новата сезона е значително поексплицитна од претходните.

Предизвици на сетот

Мам Смит, координаторка за интимност во Euphoria, беше гостинка во подкастот In the Envelope, каде што зборуваше за работата на новата сезона. Иако обожавателите сметаат дека оваа сезона отишла најдалеку во однос на експлицитноста, Смит го критикуваше општиот тренд во телевизиската продукција.

Таа рече дека би сакала да види „покреативни начини“ за прикажување на интимноста. 

„Не сум сигурна дали работите мора да бидат толку сексуално експлицитни“, рече таа. „Честопати, ако дозволите публиката да ги пополни празнините, тие ќе останат вклучени наместо исклучени. Веројатно си правите лоша услуга.“

Смит, која работеше како каскадерка со години, призна дека работата на последната сезона била „постојан предизвик, по цел ден, секој ден“.

Remote video URL
Создавање безбедна средина за актерите

И покрај предизвиците, таа нагласи дека „целата продукција била посветена на создавање безбеден простор за актерите“ за време на снимањето на интимни сцени.

„Овие актери беа замолени да бидат толку ранливи, што беа охрабрени да го сторат тоа, па затоа создавањето безбедна средина беше клучно“, додаде таа. 

„Веднаш успеавме да најдеме начин на работа што ја поддржува визијата на Сем Левинсон, а воедно им овозможува на актерите да се чувствуваат безбедно.“

Подобрување на улогата на координатор за интимност

Таа призна дека стандардизацијата на улогата на координатор за интимност, како и начинот на кој таа улога беше прифатена на снимањето на Euphoria, многу ѝ ја олесниле работата.

„Во Euphoria, доаѓав и асистентите за продукција велеа: 'Добро, го затворивме сетот, дојдете да го проверите“, објасни таа. 

„Претходно, морав да кажам: 'Ве молам затворете го сетот, сакам да ја подготвам сцената, овој простор е премногу изложен“. Моравме да поминеме низ сето тоа и да ги убедиме различните оддели да соработуваат.“

„Тие едноставно не ја видоа вредноста во тоа, но колку повеќе се впуштате во тоа, толку повеќе луѓе се свесни и колку подобро разбираат како функционира и каква вредност носи, толку полесно е да се вклопи сè. Значи, тоа беше вистински пробив за мене“, заклучи Смит.

Тагови
реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Филм & ТВ

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Read more

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе
  • filter

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Читај повеќе
  • play_arrow

Координаторката за интимност на Euphoria открива што се случувало на сет

Читај повеќе
  • play_arrow

На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“

Читај повеќе