Македонскиот краток филм „Избор“ освојува меѓународни награди и признанија

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 12.05.2025 / 14:26

Краткометражниот филм „Избор“, во режија на Марко Црногорски и во продукција на Дарма Филм, бележи значајни успеси на меѓународната фестивалска сцена, освојувајќи ја наградата за најдобар краткометражен филм на престижниот 20. South East European Film Festival во Лос Анџелес (SEEfest).

Ова признание доаѓа по светската премиера на филмот на 34. издание на фестивалот во Паленсија, Шпанија, и учеството на уште два Oscar qualifying фестивали: Cine Lebu во Чиле и Alexandria Short Film Festival во Египет.

На SEEfest во Лос Анџелес, каде годинава се прикажаа филмови од повеќе од 20 земји од Југоисточна Европа и дијаспората, „Избор“ беше издвоен од жирито како филм што „го обзема гледачот од првиот кадар, со френетичен визуелен стил што ја одразува внатрешната борба на главната хероина“. Во образложението на жирито се истакнува дека филмот не морализира, туку ги предизвикува гледачите да ги преиспитаат сопствените ставови преку емпатија и итност, оставајќи силен впечаток како човечка приказна за автономијата и сочувството.

Во филмот настапуваат актерите Сара Сандева, Ева Велиќ, Игор Ангелов, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Ѓорѓи Јолевски, Сара Анастасовска и Дарко Богески. Креативниот тим го сочинуваат костимографот Роза Трајческа Ристовска, сценографот Дејан Ѓошевски, дизајнерот на звук и микс Дарко Спасовски, композиторот Блажен Настевски, монтажерот Михаил Димитров и директорот на фотографија Наум Доксевски. Сценариото е напишано од Јана Пауноска и Марко Црногорски, а филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

„Избор“ е дебитантски краток филм на Марко Црногорски, кој во изјава за Kajgana.com вели:

„Филмот се состои од два кадри, од кои едниот трае 13 и пол минути – што беше вистински предизвик, но и неопходно за да ја раскажеме приказната на автентичен начин. Приказната следи млада мајка која, поради нов закон што ја забранува нејзината закажана абортус процедура, е приморана да побара илегално решение.“

Филмот наидува на позитивен прием од публиката и критиката, а режисерот Црногорски изрази благодарност до „малиот, но посветен тим“ кој го донесе филмот до гледачите ширум светот.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а успехот на „Избор“ претставува значаен поттик за македонската кинематографија и младите автори. Ова е само почеток на фестивалската кариера на филмот, со најави за учество на уште филмски фестивали во наредниот период.

реклама

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Филм & ТВ

Кендал Џенер се разголе за 30-тиот роденден

Read more

Кристен Стјуарт го критикува третманот на жените во Холивуд: Тоа е поразително

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во легендарните улоги по 24 години

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Читај повеќе
  • play_arrow

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Читај повеќе
  • filter

Кендал Џенер се разголе за 30-тиот роденден

Читај повеќе

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Читај повеќе

Кристен Стјуарт го критикува третманот на жените во Холивуд: Тоа е поразително

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во легендарните улоги по 24 години

Читај повеќе
  • filter

5 ноември 1994, почина фронтменот на ЕКВ Милан Младеновиќ

Читај повеќе

Темна теорија го открива идентитетот на убиецот во Scream 7

Читај повеќе