Netflix потврди дека ќе има 6-та сезона од Emily in Paris

Обожавателите на популарната серија Emily in Paris имаат причина да слават.

Netflix потврди во понеделникот, 5 јануари, дека серијата во која глуми Лили Колинс се враќа за шеста сезона. Веста доаѓа само неколку недели по премиерата на петтата сезона, која пристигна на стриминг платформата на 18 декември.

Netflix ја објави веста за новата сезона на социјалните мрежи со слатко видео во кое Колинс дува свеќа во форма на бројот шест на кроасан. „Доме, сладок доме, Emily in Paris се враќа за 6-та сезона“, се вели во објавата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Netflix US (@netflix)

Одлуката да се продолжи не е изненадувачка со оглед на импресивниот успех на најновите епизоди. Петтата сезона собра 26,8 милиони прегледи низ целиот свет за само 11 дена од нејзиното објавување.

Исто така, се најде на второто место на глобалната листа на „Топ 10 серии на англиски јазик“ на Netflix и беше меѓу десетте најгледани серии во 91 земја, а беше на врвот во 24 од нив, вклучувајќи ја и Франција.

Потсетуваме дека петтата сезона ја следеше Емили Купер, на која се чинеше дека „сè ѝ оди од рака“ во Италија, но „бизнис идејата тргнува наопаку, а последиците се прелеваат во скршено срце и кариерен пад“, според официјалниот синопсис.

Финалето на сезоната ги остави гледачите во неизвесност, а Емили се соочи со одлуката дали да остане во Рим со своето италијанско момче или да се врати на животот во Париз.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Fast & Furious станува ТВ-серија, премиерата е планирана за 2028 година

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix објави трејлер за документарецот за Метју Пери

Read more

Сцена

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Читај повеќе
  • play_arrow

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Читај повеќе

Fast & Furious станува ТВ-серија, премиерата е планирана за 2028 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Дон Џони за спотот во Македониум: Немавме намера да провоцираме, само сценарио, локација и уметнички проект

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави трејлер за документарецот за Метју Пери

Читај повеќе
  • play_arrow

Avengers: Endgame Encore „растура“ откако се врати во кината со досега невидени сцени

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално потврдено: Ќе се снима Saw 11

Читај повеќе
  • play_arrow

„Гремлини“ се враќа по 38 години, објавен првиот тизер

Читај повеќе