The Odyssey на Нолан ветува дека ќе биде повеќе од ѕвездена актерска екипа

Филмското студио Universal објави спектакуларен нов трејлер за The Odyssey на Кристофер Нолан, а најновиот поглед во модерната адаптација на епот на Хомер веќе предизвика голема возбуда на интернет. 

Трејлерот, што премиерно беше прикажан синоќа на The Late Show With Stephen Colbert, го прикажува Одисеј (Мет Дејмон) како се бори со киклопите, додека злобниот Антиној (Роберт Патинсон) се обидува да го преземе престолот на Итака.

Што открива новиот трејлер?

Новиот трејлер го следи Одисеј (Мет Дејмон) на неговото тешко патување дома по Тројанската војна. Трејлерот започнува со Калипсо (Шарлиз Терон) како го прашува на што се сеќава, по што следат снимки од неговите спомени за неговото семејство и воените победи. Како што напредува приказната, Одисеј сфаќа дека неговото кралство е под закана и тргнува на долго патување назад кон Итака.

„Ти си човек кој треба да ја контролира својата судбина“, му вели Калипсо, но го предупредува: „Но, ти не можеш да го контролираш ова.“ Одисеј решително одговара: „Никој не може да застане помеѓу мене и домот, дури ни Боговите“, поставувајќи го тонот за епската авантура што следи.

Заедно со Дејмон како насловниот лик, ѕвездената екипа ги вклучува Ен Хатавеј како сопругата на Одисеј Пенелопа, Том Холанд како нивниот син Телемах, Роберт Патинсон како додворувачот Антиној и Зендаја како божицата на мудроста Атена.

Филмот, исто така, вклучува импресивен состав на други ѕвезди, вклучувајќи ги Лупита Нјонго, Џон Бернтал, Бени Сафди, Џон Легуизам, Химеш Пател, Вил Јун Ли, Миа Гот, Џими Гонзалес, Елиот Пејџ и Јован Адепо.

Зад сцената на спектаклот на Нолан

The Odyssey е тринаесеттиот долгометражен филм во режисерската кариера на Кристофер Нолан. Тој го напиша сценариото врз основа на античкиот еп, а филмот го продуцираше со неговата сопруга Ема Томас во рамките на нивната продуцентска куќа Syncopy. Филмот, продуциран со поддршка на Universal Pictures, ќе биде објавен во кината на 17 јули.

Интересно е што Нолан повторно ќе се најде во директна битка на бокс офисот. Исто како што неговиот Oppenheimer беше објавен во 2023 година на истиот ден како и Barbie, The Odyssey ќе се натпреварува со потенцијалниот блокбастер Spider-Man: Brand New Day во продукција на Disney и Sony на 17 јули, пишува Variety.

Потсетуваме дека последниот филм на Нолан, Oppenheimer, заработи 958,8 милиони долари и освои седум Оскари, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм и најдобар режисер.

The Odyssey ќе влезе во историјата и како прв наративен филм снимен целосно со IMAX камери. Како дел од промотивната кампања, билетите за 70-милиметарските проекции беа пуштени во продажба една година однапред, во јули 2025 година.

Remote video URL
Обожавателите во исчекување

Кратко по објавувањето на трејлерот, социјалните медиуми беа преплавени со ентузијастички реакции од обожавателите на Нолан и овој филмски жанр, објавува CNBC. 

Многумина ја споделија возбудата, нарекувајќи го филмот едно од најочекуваните изданија на годината.

„Се чини дека Нолан собрал група суперхеројски актери за да ги играат овие антички грчки богови“, напиша еден корисник.

Друг додаде: „Откако го изгледав трејлерот за The Odyssey убеден сум дека би можел да стане еден од најдобрите филмови во кариерата на Кристофер Нолан“.

Една реакција истакнува како трејлерот успева да ја заинтригира публиката: „Кулминацијата доаѓа🔥🔥Морам да признаам, каков трејлер. Одлично го гради исчекувањето за филмот, а не открива премногу за заплетот, особено за некој како мене кој не е многу запознаен со митологијата на Одисеја, а воопшто и не треба да зборувам за визуелните ефекти на Нолан“.

Многумина се фокусираа и на самото кинематографски искуство: „The Odyssey ќе биде еден од оние посебни филмови што треба да ги гледате во кино... Премалку се и ретко ги прават“

„Трејлерот е ништо помалку од ВЕЛИЧЕСТВЕН. Тоа се случува кога снимате на вистински локации со вистински реквизити. Кинематографија во најдобро издание“, заклучи еден коментатор.

реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кои земји доживеаја дебакл на Евровизиja?

Read more

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Read more

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Read more
 

Сцена

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира е невина: Шпанија мора да ѝ врати повеќе од 55 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои земји доживеаја дебакл на Евровизиja?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Читај повеќе

Илон Маск има мислење за сè, па и за изборот на актери во The Odyssey на Нолан 

Читај повеќе
  • play_arrow

Ријана, Кендрик Ламар, Леброн: Дрејк не пошеди никого од критики во новите албуми

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето на Евровизија, Финска фаворит

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе