Ограбен Џони Деп: Две години не забележал дека му исчезнуваат пари

Јордански државјанин е уапсен под сомнение дека извршил измама, откако истражните органи утврдиле дека ја украл банкарската картичка на познатиот актер Џони Деп и преку неа потрошил повеќе од 600.000 евра.

Познатиот актер наводно воопшто не забележал дека од неговата сметка повеќе од две години исчезнуваат огромни суми пари, сè додека матичната банка не ги означила трансакциите како сомнителни. Истражителите успеале да ги лоцираат интернет-купувањата, што довело до апсење на осомничениот во изнајмен стан во Будимпешта.

Унгарските власти соопштија дека 27-годишниот маж ги користел украдените податоци од кредитната картичка за онлајн пазарување и резервации на сместување. Полицијата во моментов проверува дури 308 одделни трансакции, чија вкупна вредност изнесува околу 620 илјади евра. На видеоснимките што ги објави унгарската полиција е прикажан и самиот момент на приведувањето на мажот со лисици.

Истрагата била отворена на почетокот на оваа година, кога американска финансиска институција стапила во контакт со канцеларијата на ФБИ во Унгарија поради нелегални исплати од сметката на нивен клиент. Детективите подоцна утврдиле дека станува збор за Џони Деп, кој не ги забележал стотиците трансакции направени во периодот меѓу јануари 2024 и декември 2025 година.

Полициските службеници успеале да го следат патот на парите преку IP-адреси, е-пошти и унгарски телефонски број што бил користен при резервациите. При претресот на станот, запленети се електронски уреди за кои се верува дека служеле за измамата, а пронајдени се и супстанции за кои постои сомнеж дека се наркотици, поради што е покрената и дополнителна истрага. Иако осомничениот ги негира обвинувањата, судот му одреди мерка притвор. Истрагата сè уште се обидува да утврди како биле преземени податоците од картичката American Express, а меѓу опциите се кражба на податоци, нивно протекување или компромитирана онлајн трансакција. Патем, Деп изминативе години често престојуваше во Будимпешта поради снимање на различни филмски проекти.

Тагови
реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Филм & ТВ

Шрек се враќа по 17 години, првиот трејлер ги подели обожавателите

Read more

Сопругата на Брус Вилис за неговата деменција: Тој ги препознава луѓето што ги сака

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Тајра Бенкс го тужи Netflix 

Read more

Сцена

  • play_arrow

Шрек се враќа по 17 години, првиот трејлер ги подели обожавателите

Читај повеќе

Сопругата на Брус Вилис за неговата деменција: Тој ги препознава луѓето што ги сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајра Бенкс го тужи Netflix 

Читај повеќе
  • play_arrow

Death to All ги собра балканските металци во Софија

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира и други пејачи го открија рецептот за тоа како песна за Светско да биде незаборавна

Читај повеќе

Свини за одложувањето на продолжението на Euphoria: Лудо е да се види како работите се извртуваат

Читај повеќе

Уште едно од децата на Анџелина и Бред сака да го отстрани Пит од презимето

Читај повеќе

Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд?

Читај повеќе