Прв официјален трејлер за Disclosure Day на Спилберг
Студиото Universal Pictures го објави првиот официјален трејлер за научно-фантастичниот трилер Disclosure Day во продукција и режија од Стивен Спилберг.
Сценариото е на Дејвид Кеп, базирано на приказна од Спилберг. Актерската екипа ја сочинуваат Емили Блант, Џош О'Конор, Колин Фирт, Ив Хјусон и Колман Доминго.
Станува збор за филм со НЛО тематика, а точната приказна засега останува тајна. Никој навистина не знае за што се работи во Disclosure Day, а се чини дека токму тоа го сака Стивен Спилберг. Официјалната реклама ги прашува фановите: „Дали би се исплашиле ако откриете дека не сме сами, ако некој ви го покаже, ви го докаже тоа?“
Премиерата на филмот ќе се случи на 12 јуни во САД.