Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг
Disclosure Day е научно-фантастичен трилер, продуциран и режиран од Стивен Спилберг, според сценарио на Дејвид Кеп, базирано на приказна од Спилберг. Во филмот глумат Емили Блант, Џош О'Конор, Колин Фирт, Ив Хјусон и Колман Доминго.
Станува збор за филм со НЛО тематика, а точната приказна засега останува тајна. Никој навистина не знае за што се работи во Disclosure Day, а се чини дека токму тоа го сака Стивен Спилберг. Официјалната реклама ги прашува фановите: „Дали би се исплашиле ако откриете дека не сме сами, ако некој ви го покаже, ви го докаже тоа?“
Премиерата на филмот ќе биде во САД на 12 јуни годинава.