Тензија, шамар и крваво лице: Стигна тизерот за филмот The Drama

Студиото A24 го објави првиот тизер за долгоочекуваниот нов филм The Drama, во кој главните улоги ги толкуваат Зендаја и Роберт Патинсон.

Приказната ја следи наизглед среќната штотуку свршена двојка чии односи ќе се најдат пред големо искушение откако неочекуван пресврт го нарушува нивниот свадбен план.

Дејството го следи животот на Ема (Зендаја) и Чарли (Патинсон) – наизглед среќен пар во последните подготовки за венчавка. Меѓутоа, нивната врска се става на тест кога „неочекуван пресврт го нарушува нивниот свадбен спокој“.

Тизерот нè води во фотографско студио каде Чарли и Ема се обидуваат да направат пробно фотографирање пред венчавката. Иако првично гледаме монтажa од нивните среќни моменти, премногу ентузијастичната фотографка брзо ја забележува напнатоста во воздухот.

Нејзините обиди да ги натера да се насмевнат природно и да си кажат љубовни зборови резултираат со болна тишина и присилени реакции, сугерирајќи дека зад фасадата на среќен пар се кријат сериозни проблеми. Кратките исечоци од хаос и вознемиреност јасно покажуваат дека нешто не е во ред, без разлика колку Чарли и Ема се обидуваат да ги убедат себеси и другите во нивната љубов. Целата сцена кулминира со мачна тишина.

Remote video URL

The Drama е четвртиот долгометражен филм на режисерот Кристофер Боргли, кој повторно се навраќа на психолошка драма – тема што ги обележува и неговите претходни дела. Вниманието на светската јавност Боргли го привлече со пофалениот филм Dream Scenario со Николас Кејџ во главната улога.

Неговиот најнов филм може да се пофали со најсилната актерска постава досега, бидејќи покрај Патинсон и Зендаја, играат и Мамуду Атије, Алана Хаим и Хејли Гејтс.

Филмот The Drama во кината пристигнува на 3 април 2026 година. Снимањето се одвиваше минатата година во регионот на Нова Англија, во САД.

реклама

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Read more

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Read more

Филм & ТВ

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Fast & Furious станува ТВ-серија, премиерата е планирана за 2028 година

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix објави трејлер за документарецот за Метју Пери

Read more

Сцена

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Читај повеќе
  • play_arrow

5 октомври 2007: Последниот концерт на Тоше

Читај повеќе

Fast & Furious станува ТВ-серија, премиерата е планирана за 2028 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Дон Џони за спотот во Македониум: Немавме намера да провоцираме, само сценарио, локација и уметнички проект

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави трејлер за документарецот за Метју Пери

Читај повеќе
  • play_arrow

Avengers: Endgame Encore „растура“ откако се врати во кината со досега невидени сцени

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално потврдено: Ќе се снима Saw 11

Читај повеќе
  • play_arrow

„Гремлини“ се враќа по 38 години, објавен првиот тизер

Читај повеќе