Времеплов: Пред 32 години се емитуваше првата епизода од Frasier
На 16 септември 1993 година на каналот NBC се емитуваше првата епизода од ситкомот Frasier, наречена „The Good Son“.
Она што започна како спиноф серија од легендарната Cheers, со ликот на д-р Фрејжр Крејн, остана на екраните до мај 2004 година со вкупно 11 сезона. Покрај Келси Грамер во главната улога на д-р Крејн, глумеа и Џон Махоуни како татко му Мартин Крејн, Дејвид Хајд Пирс како брат му д-р Најлс Крејн, Пери Гилпин како продуцентката Роз Дојл и Џејн Ливс како негувалтелката Дафни Мун.
Во 2023 година серијата беше обновена со две нови сезони, но не ја стигна старата слава најмногу поради отсуството на легендарната актерска екипа. Како гостин се појави единствено Пери Гилпин.