Актерката Зендаја пристигна еден час подоцна на премиерата на третата сезона на популарната серија Euphoria за да избегне средба со нејзината колешка Сидни Свини поради гласини за караница.
Остатокот од актерската екипа седеа чекајќи да започне проекцијата во 19 часот, а Зендаја пристигна дури во 20 часот. Овој потег беше протолкуван како нејзин начин да се држи на дистанца, според Daily Mail.
Гласините за расправија меѓу Зендаја и Сидни Свини се шират околу снимањето на новата сезона, а извори тврдат дека тие се избегнуваат една со друга и надвор од снимањето. На премиерата минатата недела, Зендаја не позираше за фотографии со другите членови на актерската екипа.
Во подкастот The Rest Is Entertainment, водителите Ричард Осман и Марина Хајд коментираа дека е потребна војничка прецизност за да се собере екипата, особено поради тензијата меѓу Зендаја и Свини, која ја нарекоа MAGA Barbie.
Хајд забележа дека Зендаја и Свини не се појавиле на ниту една од фотографиите заедно.
„Не можам да верувам колку педантно нивните тимови морале да го испланираат ова. Проекцијата требало да започне во седум, што значело дека сите морале да бидат на своите места. Зендаја не се појавила до осум, што било врвно покажување на моќ, бидејќи сите други веќе седеле. Очигледно постои огромна кавга меѓу Зендаја и Свини. Којзнае колку е вистина тоа, но едно е сигурно, тие не се заедно на ниту една од фотографиите“, рекла таа.
На премиерата во Лос Анџелес, обожавателите ги забележале несогласувањата. Зендаја била фотографирана како ја поздравува колегашката Хантер Шејфер и го гушка режисерот Сем Левинсон. Свини, од друга страна, позирала со колешките Алекса Деми, Шејфер и Мод Апатоу. Таа пристигнала на настанот со нејзиното момче Скутер Браун.
Шпекулациите за караницата траат веќе долго време, а се вели дека сè започнало поради симпатиите што Свини ги чувствувала кон Том Холанд.
„Тензиите постојат долго време. Јавна тајна беше дека Сидни била вљубена во Том и дека флертувала со него кога дошол на снимањето“, велат изворите.
Дополнителна причина за несогласувањето се политичките ставови на Сидни Свини, поради што го доби прекарот MAGA Barbie.
„Никогаш не сум била тука да зборувам за политика. Отсекогаш сум била тука да создавам уметност, па затоа ова не е разговор во кој сакам да учествувам. Не можам да ги натерам сите луѓе да ме сакаат. Знам за што се залагам“, изјави претходно Свини.