Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Зои Салдања стана најплатената актерка во историјата, а нејзините филмови досега заработија повеќе од 15,46 милијарди долари на глобалните бокс офиси. Ова ја престигна претходната лидерка Скарлет Јохансон, пишува The Guardian.

47-годишната актерка, добитничка на Оскар, се проби на врвот на листата по успехот на филмот Avatar: Fire and Ash додаде повеќе од 1,2 милијарди долари на нејзината вкупна заработка.

Нејзините претходни филмови во франшизата Avatar, како и улогата на Гамора во Marvel трилогијата Guardians of the Galaxy и филмовите Avengers: Infinity War и Avengers: Endgame, исто така придонесоа за оваа сума. Салдања имаше успех и со филмовите Star Track и првото продолжение на Pirates of the Caribbean.

Remote video URL

Минатата година, Скарлет Јохансон го освои првото место откако Jurassic World Rebirth заработи 869 милиони долари низ целиот свет. Актерката се појави и во неколку филмови на Marvel. Иако Avatar: Fire and Ash заостанува зад претходните филмови во франшизата на бокс офисот, тој го држи првото место во домашната кино дистрибуција од објавувањето во декември.

Салдања го позајми и гласот за авантурата Elio на Pixar минатото лето, но тој филм не ги исполни очекувањата. Минатата година, таа освои Оскар за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во крими-мјузиклот на Netflix, Emilia Pérez, а моментално работи на следната сезона од акционата драмска серија Special Ops: Lioness.

Remote video URL

Иако режисерот на Avatar, Џејмс Камерон, има планирано уште два филма, сè уште нема официјална потврда за снимањето.

„Ако од која било причина не можеме да ги снимиме 4 и 5, ќе одржам прес-конференција и ќе ви кажам што ќе правиме“, рече тој минатиот месец. „Како ви звучи тоа?“

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Дали The Simpsons нè предупредија и за Џефри Епстин и неговиот остров за секс-забави?

Read more

Хали Бери ќе се мажи по четврти пат

Read more

Први фотографии од филмовите за Битлс

Read more
 

Сцена

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали The Simpsons нè предупредија и за Џефри Епстин и неговиот остров за секс-забави?

Читај повеќе
  • play_arrow

По 18 години Мекиќ и Саздановска снимија спот за песната Опасно

Читај повеќе

Мајката на Даниел по киднапирањето: Во шок сум, важно е што е жив

Читај повеќе
  • play_arrow

Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, полицијата го пронашла врзан во автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Почина Бред Арнолд – пејачот на бендот 3 Doors Down

Читај повеќе
  • play_arrow

Остри критики за настапот на Мараја Кери на отворањето на ЗОИ

Читај повеќе

Хали Бери ќе се мажи по четврти пат

Читај повеќе