Зошто Идрис Елба би одбил да го игра Џејмс Бонд?

Британскиот актер Идрис Елба изјави дека Џејмс Бонд не треба да стане woke и дека дел од публиката не би прифатила актер од афроамериканско потекло во улогата на познатиот агент 007.

Елба, кој претходно изјави дека никогаш не бил „во трка“ за улогата на познатиот шпион и покрај годините гласини, за GQ изјави дека самата идеја да биде поврзан со улогата е сепак ласкава.

Тој изјави дека Бонд е напишан на начинот на кој е напишан со причина, но додаде дека му е комплимент што го поврзуваат со улогата.

„Реално, некои пазари едноставно не го прифаќаат тоа. Бонд е популарен низ целиот свет. И не секоја публика ќе прифати Африканец да го игра Бонд. Тоа не е она што им се допаѓа во нивната култура. Бонд е толку нереален, па затоа е добра навестувањето за реалност, но да не се обидуваме да го направиме дел од woke културата. Мислам дека мора да бидете начисто што претставува: ескапизам. Не обидувајте се да го задоволите вкусот на целиот свет. Само бидете Бонд“, рече тој.

Masters of the Universe, во кој Елба го игра Man-at-Arms, моментално е во кината. За време на интервјуто, тој се пошегува за новата улога, односно лик од анимиран филм од 1980-тите со црвени мустаќи на кој воопшто не личи.

„Станува збор за преиспитување на актерите. Бев малку свесен за тоа, но потоа помислив: 'Што зборуваш?! Man-at-Arms може да биде со која било боја! Има зелени нозе, аман!'“, раскажа тој.

Потрагата по следниот агент 007 официјално започна минатиот месец, по години исчекување и шпекулации за тоа кој ќе го преземе местото од Даниел Крег.

Аудициите се одржуваат во последните недели, според Variety означувајќи го почетокот на крајот на долгото чекање за новиот Џејмс Бонд.

„Иако не планираме да коментираме специфични детали за време на процесот на кастинг, возбудени сме што ќе споделиме повеќе вести со фановите на 007 штом дојде време“, соопшти Amazon.

Поминаа пет години од објавувањето на продолжението на No Time to Die, последниот филм на Даниел Крег како познатиот агент.

Студиото претходно објави дека Денис Вилнев, познат по Dune, ќе го режира следниот филм, додека Стивен Најт, креаторот на серијата Peaky Blinders, ќе го напише сценариото.

Variety објави дека Нина Голд, една од водечките директорки за кастинг во Холивуд, која работела на франшизите Paddington, Star Wars, Jurassic Park и Mamma Mia!, е избрана да го бара новиот главен актер.

Калум Тарнер, Хенри Кавил и Арон Тејлор-Џонсон се меѓу можните кандидати.

реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Филм & ТВ

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

The Pitt и Hacks со најмногу номинации за наградите Еми

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Маск бесплатно прикажа контроверзен германски филм што поттикнува насилство врз имигранти

Read more

Сцена

  • play_arrow

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Читај повеќе

Шакира е возбудена пред настапот на полувремето на мундијалското финале

Читај повеќе
  • play_arrow

The Pitt и Hacks со најмногу номинации за наградите Еми

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кики за врсничкото насилство: Двапати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Читај повеќе

Маск бесплатно прикажа контроверзен германски филм што поттикнува насилство врз имигранти

Читај повеќе

Netflix пак прави измени со кои ќе ги изнервира корисниците

Читај повеќе

Ќе ечат песни од Владо Јаневски: Утре собир пред „Борис Трајковски“ во чест на музичката легенда

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе