Прв акустичен концерт на Д.Н.О. по 20 години

По повеќе од две децении активно присуство на алтернативната сцена, скопската група Д.Н.О најавува својот прв акустичен концерт, кој ќе се одржи на 25 мај – Денот на младите, во кино Фросина при Младинскиот културен центар (МКЦ).

Овој настан е замислен како ретко и интимно музичко доживување, каде бендот ќе се претстави во поинакво светло, со акустични аранжмани и поблиска комуникација со публиката. Вечерта ќе биде посветена на емоции, приказни и нова димензија на нивните веќе препознатливи композиции.

Д.Н.О е алтернативен инди психоделичен рок бенд од Скопје, формиран кон крајот на 1999 година. Основната постава ја сочинуваат Владимир Поп-Христов – Мио (вокал), Гоце Стевковски (тапани), Иван Бејков (бас), Емин Џијан (клавијатури), Саша Спасовски – Крокер (гитара), Кире Најдовски (гитара) и Бојан Угриновски како музички техничар. Нивниот звук е инспириран од рокот на 80-тите и 90-тите, со силни психоделични и ретро елементи, што им овозможи да изградат култен статус на независната македонска музичка сцена.

Бендот го објави својот деби албум „Тишина“ во 2004 година, со материјал отпеан на македонски и англиски јазик, а од тој период датира и соработката со познатиот продуцент Малколм Брн, кој има работено со имиња како Боб Дилан и Иги Поп. Д.Н.О се истакнуваат со енергични настапи во живо и автентична сценска естетика, а нивната музика комбинира алтернативен рок, пост-панк и психоделија, често обоена со носталгија за минатите децении.

Remote video URL

Во текот на своето постоење, бендот има настапувано на бројни фестивали и самостојни концерти низ Македонија, меѓу кои се издвојуваат настапите на „Peace Unlimited Festival“, „Скопско културно лето“, како и промотивниот концерт на Мизар. Во 2007 година, нивната музика беше инспирација за експерименталниот рокенрол филм „Magical Mystery Cure“.

По неколку промени во составот и подолга пауза, Д.Н.О се вратија на сцената во 2021 година со нови синглови, а овој акустичен концерт во МКЦ е нивно прво вакво појавување по повеќе од 20 години работа. Моментална постава на бендот е Владимир Поп Христов (вокал и бас), Бодин Попов (тапани), Филип Попов (гитара), Петар Лукиќ (клавијатура) и Гордан Попов (гитара).

Билетите се достапни преку веб-страницата на МКЦ и на билетарата во просториите на центарот. Активностите на бендот може да се следат на нивните профили на Instagram, Spotify и YouTube.

Тагови
реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

МК сцена

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Read more

Киднаперите на Кајмакоски и по една недела сè уште не се пронајдени

Read more

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски

Read more

Како Нокаут му оддадоа почит на Драган Б. Костиќ?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Читај повеќе

Нов адвокатски тим ќе го брани Харви Вајнстин од обвиненијата за силување

Читај повеќе
  • filter

Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите SAG: Победниците ја редефинираат оскаровската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Читај повеќе

Роберт Де Ниро: Трамп никогаш нема да си замине, ќе треба сами да се ослободиме од него

Читај повеќе
  • play_arrow

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Читај повеќе